Анархосиндикализам: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Бот: козметички промени
Ред 2:
{{Шаблон:Анархизам}}
'''Анархосиндикализмот''' е гранка на [[Анархизам|анархизмот]] со фокус на трудовото движење. Анархосиндикалистите гледаат на анархосиндикализмот како потенцијална сила за револуционерна општествена промена, заменувајќи ги [[Капитализам|капитализмот]] и [[држава|државата]] со ново општество кое ќе биде демократски самоуправувано од работниците. Анархосиндикалистите сакаат да го напуштат наемниот систем, сметајќи го за наемно ропство, како и да ги напуштат државната или приватната сопственост над средствата за производство бидејќи водат до класни поделби.
И покрај тоа што анархосиндикализмот се јави на почетокот на дваесеттиот век, тој останува популарна и активна школа на анархизмот и денес има многу поддржувачи како и многу активни организации. Анархосиндикалистичките синдикати се разликуваат меѓусебно во економските системи, вообичаено станува збор за [[Колективистички анархизам|колективистички анархизам]] или [[Анархистички комунизам|анархокомунизам]]. Историски гледано анархосиндикалистите најчесто се идентификувале како анархокомунисти (на пример [[Луси Парсонс]]) или анархоколективисти (како [[Буенавентура Дурути]]).
 
== Карактеристики ==
 
[[СликаПодатотека:Anarchist flag.svg|left|thumb|Анархосиндикалистичко знаме]]
 
Основните принципи на анархосиндикализмот се [[Работничка солидарност|работничката солидарност]], [[Директна акција|директната акција]] и работничкото самоуправување. Работничката солидарност значи дека анархосиндикалистите сметаат дека сите работници, без разлика на нивната полова или етничка припадност, во поглед на нивните шефови тие се класно свесни. Понатаму, тоа значи дека во капиталистичкиот систем било која добивка или загуба на работниците од шефовите ќе има влијание над сите работници. Оттаму за да се ослободат самите, сите работници мора да се поддржуваат во нивниот класен конфликт. Анархосиндикалистите сметаат дека само директна акција, т.е. акција сконцентрирана директно на постигнување на одредена цел, ќе им овозможи на работниците да се ослободат. Спротивно на тоа е индиректната акција, како на пример избирање на претставник во власта. Анархосиндикалистите сметаат дека работничките организации, организациите што се борат против наемниот систем, и во кој, во анархосиндикалистичката теорија, евентуално ќе ја формира основата на новото општество, треба да бидат самоуправувани. Тие не треба да имаат шефови или бизнис агенти, наместо тоа работниците треба да бидат во можност да одлучуваат за сите работи кои се однесуваат за нив.
Ред 15:
== Историја ==
 
Хаберт Лагардел напиша дека [[Пјер Жозеф Прудон]] ги постави темелните теории на анархосиндикализмот, преку одбивањето на Државата и капитализмот, потсмевањето на политичката власт, неговата идеја на слободни и автономни економски групи, неговите видувања на борба, а не [[Пацифизам|пацифизам]], како јадро на човештвото.
Најраните изрази на анархосиндикалистичка структура и методи беа формулирани во Интернационалната работничка асоцијација или [[Првата интернационала]], особено во [[Јура федерацијата]]. Првата интернационала сепак се подели во две струи кои се разликуваа во политичката и парламентарната акција: слободарското крило претставувано од [[Михаил Бакунин]] и државничкото крило преставувано од [[Карл Маркс]]. Пропонентите на слободарското крило ќе продолжат со влијанието над трудовите движења во [[Шпанија]], [[Франција]], [[Италија]], [[Белгија]], [[Холандија]], [[Јужна Америка]], додека ортодоксните [[Марксизам|марксисти]] ќе формираат труд заснован на масите и [[Социјалдемократија|социјалдемократските]] партии низ цела [[Европа]] (групирани околу Втората интернационала), со главни седишта во [[Германија]] и [[Англија]]. Некои марксисти, како [[Антон Панекоек]], ќе формулираат позиции многу слични со анархосиндикализмот преку [[Советнички комунизам|Советничкиот комунизам]] (види [[Анархизам и Марксизам]]).
Во 1895 Confédération Générale du Travail во Франција ќе ја изрази во целост организациската структура и методите на револуционерниот синдикализам, така влијаејќи на многу трудови движења ширум светот. CGT беше моделиран на развојот на трудовата размена, работничка централна организација која ќе поттикнува самообразование, взаемна помош, и ќе ја олесни комуникацијата помеѓу локалните работнички синдикати. Преку генерален штрајк, работниците ќе ја заземат контролата над индустријата, услугите, така ќе формираат самоуправно општество и ќе го олеснат производството и потрошувачката преку трудовата размена. Charter of Amiens усвоен од CGT во 1906, претставува клучен текст во развојот на револуционерниот синдикализам, одбивајќи го парламентаризмот и политичката акција за сметка на револуционерната класна борба. Централната организација на работниците од Шведска SAC (На шведски Sveriges Arbetares Centralorganisation), формиран 1910, се значаен пример на анархосиндикалистички синдикат кој има попримерно влијание од CGT. Денес SAC е еден од најголемите анархосиндикалистички синдикати во сооднос со населението на државата. Истовремено американецот [[Даниел де Леон]] ја формулираше неговата програма на Социјалистичката индустриска унија, која сѐ уште е предлагана од неговата Социјалистичка трудова партија. Де Леон и СЛП ја сметаат програмата за социјалистичка, но јасно е дека таа е анархосиндикалистичка.
 
[[СликаПодатотека:Barcelonacntait_(110).JPG|left|thumb|Канцелариите на CNT во Барселона]]
Интернационалната работничка асоцијација, формирана во 1922, е интернационална анархосиндикалистичка федерација на различни трудови синдикати од различни земји. Во својата кулминација, Интернационалната работничка асоцијација претставува милиони работници и се натпреварува директно за срцата и умовите на работничката класа со социјалдемократските синдикати и партии. Шпанската Confederación Nacional del Trabajo играше важна улога и сѐ уште игра главна улога во трудовото движење во Шпанија. Таа исто така беше важна сила во Шпанската револуција, организирајќи работнички милиции и олеснувајќи ја колективизацијата на широки секции на индустриската, логистичката и комуникациската инфраструктура, особено во Каталонија. Друг анархосиндикалистички синдикат од Шпанија е Confederacion General del Trabajo de España, кој сега е најголемиот синдикат во Шпанија како и најголемиот анархистички сојуз со десетици илјади членови.
Индустриските работници на светот иако не е експлицитно анархосиндикалистичка организација, беше формирана од развоите на поширокото револуционерно синдикалистичко милје на почетоците на 20-от век. На основачкиот конгрес, во 1905, влијателните членови со силни анархистички и анархосиндикалистички симпатии како Томас Хагерти, Вилијам Траутман и Луси Парсонс придонесоа на синдикатот пореволуционерна ориентација. [[Луси Парсонс]], особено, беше ветеран во организирање на анархистички синдикат во Чикаго од претходната генерација, со учество во борбата за 8 часовниот работен ден во [[Чикаго]] и последователните серии од настани кои станаа познати под името [[Хајмаркетски немири]] во 1886.
Ред 29:
Употребата на терминот анархосиндикалистички значи зголемување на јазот помеѓу пропонентите на ортодоксниот, политички Марксизам и синдикалистите кои предлагаа комплетна независност од политичките партии после Руската револуција, како и преместувањето во повеќе политичка доктринарна верзија на [[Синдикализам|синдикализмот]]. Како широка идеолошка насока, пред Првата Светска Војна и Болшевичкото освојување на власта во [[Русија]], револуционерниот синдикализам имаше во своите редови бројни левичарски тенденции заедно обединети на класна основа без официјална етикета, како што е подвлечено во Charter of Amiens.
 
== Односи со партиски политики ==
 
Анархосиндикалистичката ориентација со многу рани американски трудови синдикати играа значајна улога во формацијата на американскиот политички спектар, меѓу најзначајните е Индустриските работници на светот. [[САД]] е единствената држава каде што нема главна трудова политичка партија. Ова не било секогаш случај. Во 1912, на пример, Јуџин Дебс (еден од основачите на Индустриските работници од светот) имаше 6% од гласањето како претседателски кандидат на Социјалистичката партија, тоа е значителен дел од гласовите ако се земе предвид дека тоа се случи 8 години пред Еднаквото право на глас во САД. Некои политиколози од САД сметаат дека недостатокот од Американска трудова партија се должи на изборниот систем кој се стреми да биде двопартиски. Овој феномен понекогаш се нарекува и Закон на Даверџер.
Ред 54:
{{Цитат|истовремено додека синдикализмот го засилува овој ублажувачки притисок од капитализмот, се обидува да изгради нов општествен ред внатре во стариот. Синдикатите и трудовите совети не се само средства на борба и инструменти на општествената револуција; тие се исто така и самата структура околу која ќе се гради слободното општество. Работниците ќе се образуваат (преку нивните сопствени активности внатре во синдикатот) во работата на уништувањето на стариот сопственички ред и задачата на конструирање на бескласно, слободно општество. Двете одат заедно.}}
 
== Во популарната култура ==
 
Во филмот Monty Python and the Holy Grail има сцена каде Кралот Артур се среќава со жители од анархосиндикалистичка комуна.
 
[[Категорија:Анархизам]]
[[Категорија:Социјален анархизам]]