Алгебарски запис (шах): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
с Бот: козметички промени
Ред 1:
{{Без извори|датум=октомври 2009}}
[[imageПодатотека:SCD algebraic notation.png|right|Шаховска нотација на табла|frame]]
'''Алгебарска шаховска нотација''' или '''алгебарски шаховски запис''' е метод во професионалниот [[шах]], шаховската литература часописи и весници за запишување (изразување) на потезите во партрии шах. Најчестоит облик опишан овде е т.н. '''скратена (или кратка) алгебарска нотација''', за разлика од '''проширената (или долга) алгебарска нотација'''. Во шаховската литература на [[англиски јазик]], овој систем почнува да ја заменува дотогашната [[описна шаховска нотација]] во 1970-тите. Алгебарската нотација во тоа време била широкозастапена во други краишта.
 
== Иманување на полињата ==
Нотацијата започнува со доделување на единствена координата за секое поле на [[шаховска табла|шаховската табла]].
 
Ред 11:
'''d7''' (доколку на нив нема други црни фигури).
 
== Имиња на фигурите ==
Секој вид на [[шаховска фигура]] (освен пионите) се обележува со голема латинична буква, обично по буквата со која името на фигурата започнува, на кој и да е јазик.
Во [[англиски јазик|англофонската]] (а и [[македонски јазик|македонската]]) употреба се користи '''K''' за [[крал (шах)|крал]],
Ред 22:
Пионите не се обележуваат со буква, но со самото немање на буква - бидејќи и така нема потреба да разликуваме меѓу самите пиони - секој пион може да оди по само едно поле (земањаа се изразуваат различно; видете подолу).
 
== Нотација на потези ==
Секој потег се обележува со името на фигурата, плус координатата на дестинацијата на неговиот потег. На пример '''Le5''' (ловец оди на '''e5'''), '''Sf3''' (коњ оди на '''f3'''), '''c5''' (пион оди на '''c5''' — без иницијал за пешачките потези). Во некои изданија фигурите се обележуваат графички: на пример, '''{{unicode|♞c6}}'''. Ова се нарекува '''фигурска алгебарска нотација''' или '''ФАН''' и ја има предноста што не зависи од ниеден јазик.
 
=== Нотација на земања ===
Кога една фигура зема, ставаме '''x''' помеѓу почетното и целното поле на тој потег. На пример, '''Lxe5''' (ловец зема фигура на '''e5'''). Когак пак пион зема, го користиме ''редот'' од каде пионот тргнал наместо иницијал. На пример, '''exd5''' (пешак на ред '''e''' зема фигура на '''d5'''). Понекогаш кога ова е јасно и недвосмислено, земање пион се обележува само со редот, каок на пр. '''exd''', '''ed5''' или '''ed'''.
 
Ред 32:
Во некои книги, како да речеме ''[[Енциклопедија на шаховски отворања]]'', ознаките за земање се сосема испуштени.
 
=== Појаснување на потези ===
Ако два (или повеќе) идентични фигури можат да одат на едно исто поле, по инцијалот на фигурата ставаме (по обратен редослед на претпочитање):
# '''редот''' од кој поаѓаат, ако се разликува;
Ред 46:
'''S5xf3'''.
 
=== Пешачка промоција ===
Ако пешакот го достигне првиот ред на противникот, и со тоа добие промоција, по потегот се назначува избраната фигура, како на пр. '''e1D''', '''b8L'''.
Понекогаш се користи знак „=“ или загради: '''f8=D''' или '''f8(D)''', но овие не се според ФИДЕ стандарди. (впрочем знакот „=“ се користи за означување предлог за реми.)
 
=== Рокада ===
[[Рокада]]та се изразува со посебна нотација '''0-0''' за онаа од кралева страна и '''0-0-0''' за онаа од краличина страна (додека ова е начинот на [http://www.fide.com/official/handbook.asp?level=EE102 ФИДЕ водичот], во [[Пренослива партиска нотација|ППН]] наместо тоа се користи '''O-O''' и '''O-O-O'''). По избор ова може да се назначи и со самиот потег на кралот, бидејќи поместување на кралот преку повеќе од едно поле подразбира рокада. На пример, '''Kg1'''.
 
=== Шах и мат ===
Потег кој го става [[крал (шах)|кралот]] во [[шах (шах)|шах-позиција]] обично се изразува со додатен знак „+“. Некаде се користи и [[Крст (типографија)|†]]. [[Двоен шах|Двојниот шах]] понекогаш се изразува со „++“. [[Мат]] може да се изрази со „#“ (некаде „++“, но [[Шаховска Федерација на САД|Шаховската Федерација на САД]] користи "#"). Понекогаш се користи и [[‡]]. ПО нотацијата, прифатливо е и да се напише и зборот мат.
 
=== Крај на партијата ===
Нотацијата '''1-0''' на крајот од потезите значи дека белиот победил, '''0-1''' значи дека црниот победил, додека '''½-½''' значи [[реми (шах)|реми]].
 
== Пример ==
Потезите се изразуваат на еден од два начина.
 
Ред 80:
:'''3. Lb5 a6'''
 
== Класификација на завршници ==
[[Шаховска завршница|Завршниците]] се класифицираат по материјалот на таблата. ПО стандардниот систем се наведуваат фигурите на секој играч, заедно со кралевите, во следниот редослед: крал, кралица, ловци, коњи, топови, пиони. Секоја фигура е означена со својот алгебарски знак.
 
Ред 86:
 
Во позиции со два или повеќе ловца на таблата, може да се додаде ознака за ловци за појаснување на ситуацијата. Постојат два метода. Неформалниот метод означува една боја на полињата како „x“, а другата како „y“. Завршница KBPKB може да се запише како '''KBPKB x-y''' ако ловците се со спротивни бои, или '''KBPKB x-x''' ако се со исти. Поформалниот метод е користење на четвороџифрена наставка во обликот '''abcd''':
* '''a''' = број на Бели ловци на бело поле
* '''b''' = број на Бели ловци на црно поле
* '''c''' = број на Црни ловци на бело поле
* '''d''' = број на Црни ловци на црно поле
Така, горенаведената завршница може да се изрази како '''KBPKB_1001''' за ловци од спротивни бои, и '''KBPKB_1010''' за ловци со исти бои.
 
[[ГБР код]]от е уште еден алтернативен метод на класифицирање на завршници.
 
== Слични нотации ==
=== ППН ===
Честопати партиите се чуваат на компјутерски податотеки во [[пренослива партиска нотација]] (ППН),
која користи алгебарска нотација каок и додатни знаци за изразување на играта.
 
=== Долга алгебарска нотација ===
Некои компјутерски програми (а и луѓе) варијанта на алгебарската шаховска нотација наречена ''долга алгебарска нотација'' или ''наполно проширена алгебарска нотација''. кај наполно проширената алгебарска нотација, потезиет се опишани по нивната почетна и целна позиција одделени со цртичка. Пример: „e2-e4“. Нотациите од кратката често се користат во долгата алгебарска нотација, во конструкции како „Nb1-c3“ или „Rd3xd7“. Оваа нотација зема повеќе простор и затоа не се користи често. Меѓутоа истата е појасна, особено за помалку вешти играчи или почетници кои ја учат играта.
 
Некои книги кои ја користат кратката алгебарска нотација користат долга нотација наместо начините на појаснување.
 
=== Нумеричка нотација ===
Кај меѓународниот [[дописен шах]] употребата на алгебарска нотација може да предизвика забуни заради различните називи (а со тоа и иницијали) на фигурите на разни јазици; затоа стандардот за опис на потези во ваквиот шах е [[дописна шаховска нотација]].
 
== Стенографска нотација ==
 
:''Главна статија: [[Интерпункција (шах)]]''
Ред 113:
Следнава [[стенографија|стенографска]] нотација често пати се користи за изразување на потези:
 
* ! добар потег
* !! одличен потег
* ? лош потег
* ?? многу лош потег
* !? интересен потег, кој можеби не е најдобар
* ?! сомнителен потег, но не и лесно побивлив
* {{Unicode|□}} присилен потег ([[цугцванг]])
* ∇ противничкиот план против кој ова брани
* Δ идниот план во чија полза е ова
 
и многу други.
 
== Видете исто така ==
* [[Описна шаховска нотација]]
* [[Шаховска нотација]]
 
== Надворешни врски ==
* [http://www.fide.com/official/handbook.asp?level=EE102 ФИДЕ-правила за шаховска нотација] (видете appendix E) {{en}}
* [http://www.markalowery.net/Chess/Notation/notation.html Веб-сајт за нотација] {{en}}