Естреја Овадија-Мара: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Брзо додавање категорија Учесници во НОБ (со користење на HotCat)
Ред 2:
 
==Биографија==
Овадија е родена е на [[25 декември]] [[1922]] во [[Битола]], во многу бедна работничка фамилија. Рано останала без татко. Имала уште две сестри, за чие издржување покрај мајка и , што работела како перачка по богатите куќи, иако мала, се грижела и таа. Естреја посетувала и училиште. Многу мала ја осетила сета беда на сиромаштијата и целиот бес на богатите, кај кои и самата морала да работи. Како активистка на Еврејското хуманитарно друштво „[[Визо]]“, заминала на работа во [[Белград]] во [[1938]] година, каде што станала член на [[СКОЈ]] и учествувала во мартовските демонстрации во [[1941]] година. Потоа некаде во [[мај]] [[1941]] година се вратила во Битола и се вклучила во подготовките за оруженото востание. Член на [[КПЈ]] била од [[1942]] година. Непосредно пред депортацијата на македонските Евреи, се илегализирала на [[10 март]] [[1943]], а потоа на [[5 април]] [[1943]] година заминала првин како борец на [[НОПО „Даме Груев“]], потоа во [[НОПО „Гоце Делчев“]] и во други единици на НОВ и ПОМ<ref>''Александар Поповски, Естреја Хајма Овадиј - Мара (1921–1944), Народни херои од Македонија, Скопје, 1973, 120-125''</ref>. При формирањето на Третата МНОУ била назначена за заменик политички комесар на чета, а на [[22 август]] [[1944]] година при формирањето на Седмата македонска НО бригада за политички комесар на баталјон. Загинала во борба со [[Бугарија|бугарските окупаторски сили]]<ref>''Естреја Хајма Овадија-Мара (1921– 1944), „Млад борец“, XXXII, 13, Скопје, 23. IV 1975, 17'' </ref>. Прогласена е за [[народен херој на Југославија]] на [[11 мај]] [[1953]]<ref>''Д-р Стојан Ристески, Естреја Овадја-Мара, Горњи Милановац,1978''</ref>. Во нејзин помен, во центарот на Битола постои нејзина биста и една градинка го носи нејзиното име.
 
==Наводи==