Видообразба: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Дополнување
Ред 4:
 
Дали [[Генетски дрифт|генетскиот дрифт]] игра мала или голема улога при специјацијата е предмет на расправа. Постојат четири главни начини на специјација во природата, поделени врз основа на големината на географската [[Изолација (еволуција)|изолираност]] на една [[популација]] од друга: алопатричка, перипатричка, парапатричка и симпатричка специјација. Специјацијата исто така може да се поттикне и на вештачки начин, во [[сточарство]]то или преку лабораториски експерименти.
 
== Природна специјација ==
 
Сите форми на природна специјација се случиле со текот на еволуцијата, но сè уште се дискутабилни поради релативната важност на секој механизам во развитокот на [[биодиверзитет]]от<ref>{{cite journal|title=Adaptive speciation: The role of natural selection in mechanisms of geographic and non-geographic speciation|author=J.M. Baker|journal=Studies in History and Philosophy of Biological and Biomedical Sciences|volume=36||issue=2|year=2005|pages=303–326|pmid=19260194|url=http://dx.doi.org/10.1016/j.shpsc.2005.03.005}}</ref>.
 
Еден пример на природна специјација е диверзитетот на ''[[Gasterosteus aculeatus]]'', морска риба која по последното ледено доба специјализирала во нови слатководни колонии во изолирани езера и потоци. По околу 10 000 генерации, единките од оваа риба покажале структурни разлики кои се поголеми од тие кај различните родови на риби, вклучувајќи варијации во перките, промена во бројот или големината на нивните коскени плочки, измени во градбата на вилиците и разлики во обојувањето<ref name=sciamstickleback>Kingsley, D.M. (January 2009) "From Atoms to Traits," ''Scientific American,'' p. 57</ref>.
 
Додека некои биолози тврдат дека специјациските настани останале релативно постојани низ времето, некои палеонтолози (како [[Нилс Елдреџ]] и [[Стефен Џеј Гулд]]) тврдат дека видовите најчесто остануваат несменети во текот на долги временски периоди, како и тоа дека специјацијата се случува само на релативно кратки интервали, гледиште познато како ''[[точкест еквилибриум]]''.
 
=== Алопатричка специјација ===
{{Details|Алопатричка специјација}}
[[Податотека:Speciation modes.svg|right|thumb|300px|Споредба на видовите на природна специјација.]]
При алопатричка специјација, популацијата се дели на две географски изолирани (алопатрички) популации (на пример, со [[фрагментација на станишта]] што настанала како резултат на некоја географска промена, како издигнување на планина, или социјална промена, како емиграција). Изолираните популации потоа подлежат на [[генотип]]ска и [[фенотип]]ска дивергенција поради тоа што: стануваат подложни на различни селективни притисоци или независно подлежат на генетски дрифт. Кога овие популации ќе се сретнат, тие еволуирале до тој степен што се репродуктивно изолирани и повеќе не се способни за размена на гени.
 
=== Перипатричка специјација ===
{{Details|Перипатричка специјација}}
При перипатричката специјација, новите видови се образуваат во изолирани, мали периферни популации кои се спречени да разменуваат гени со главната популација. Ова е поврзано со концептот на [[Основачки ефект|основачкиот ефект]], бидејќи малите популации често подлежат на [[ефект на тесно грло]]. Се смета дека генетскиот дрифт игра значителна улога при овој тип на специјација.
 
=== Парапатричка специјација ===
{{Details|Парапатричка специјација}}
При оваа специјација, зоните на две дивергирачки популации се одделни, но се преклопуваат. Постои само делумна одделеност одржана преку географијата, така што единките на секој вид можат да се сретнат или да ја преминат бариерата од време на време, но редуцираната [[Фитнес (генетика)|прилагодливост]] на [[хетерозигот]]от води до селекција во полза на однесувања или механизми кои спречуваат вкрстување меѓу двата вида.
 
Еколозите секогаш ја поврзуваат парапатричката и перипатричката специјација со [[Еколошка ниша|еколошките ниши]]. Секогаш мора да биде достапна една ниша за да може новиот вид да биде успешен.
 
=== Симпатричка специјација ===
{{Details|Симпатричка специјација}}
При симпатричка специјација, видовите дивергираат иако населуваат ист простор. Често наведувани примери на симпатричка специјација се кај [[инсект]]ите кои стануваат зависни од различни домаќински [[растенија]] во истата област. Но, постоењето на симпатричка специјација како механизам на специјација е сè уште жестоко дискутирано. Некои автори сметаат дека доказите за симпатричка специјација се всушност примери за микро-алопатричка или [[хетеропатричка специјација]]. Најприфатен пример за ваков вид на специјација е тој со [[циклиди]]те од езерото [[Набугабо]] во [[источна Африка]], за која се смета дека настанала по пат на [[сексуална селекција]]. Симпатричката специјација се однесува на образувањето на два или повеќе видови од еден предочен вид, притоа заземајќи ист географски простор.
 
== Наводи ==
Ред 9 ⟶ 36:
 
[[Категорија:Еволутивна биологија]]
 
[[bg:Видообразуване]]
[[ca:Especiació]]
[[cs:Speciace]]
[[da:Artsdannelse]]
[[de:Artbildung]]
[[en:Speciation]]
[[et:Liigiteke]]
[[el:Ειδογένεση]]
[[es:Especiación]]
[[fr:Spéciation]]
[[gl:Especiación]]
[[ko:종분화]]
[[id:Spesiasi]]
[[ia:Speciation]]
[[he:היווצרות המינים]]
[[kn:ಜಾತೀಕರಣ]]
[[ja:種分化]]
[[nn:Artsdanning]]
[[uz:Turlanish (biologiya)]]
[[pl:Powstawanie gatunków]]
[[pt:Especiação]]
[[ro:Speciaţie]]
[[ru:Видообразование]]
[[sk:Speciácia]]
[[fi:Lajiutuminen]]
[[sv:Artbildning]]
[[ta:சிற்றினத்தோற்றம்]]
[[tr:Türleşme]]
[[uk:Видоутворення]]
[[zh:物种形成]]