Црква „Св. Климент Охридски“ - Скопје: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Mkber (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 15:
==Податоци за градбата==
Каменот-темелник е поставен во 1972 година. Црквата е од тип ротонда, со димензии 36 x 36 m. и се состои од само од куполи и лакови, под кои е опфатена површина од околу 1000 m2. На тој простор може да се соберат речиси 6000 верници. Главната црква му е посветена на [[св. Климент Охридски]], а долната црква на св. Богородица. Од капелите, едната им е посветена на [[Константин I|Цар Контантин]] и царицата Елена, а другата на светиот маченик Мина. Кога ќе се влезе во внатрешноста на црквата, особено внимание привлекува иконостасот што е направен од дабово дрво. Основен мотив на резбата е флората- лозови листови, афионови булки и желади. Димензиите на иконостасот се 19,5 m должина и 12,5 m висина. Иконите што се сместени во него се насликани од Ѓорѓи Даневски и Спасе Спирковски.
[[Податотека:Soborna Church Skopje1.JPG|thumb|left|300px250px|Надворешен изглед на црквата]]
Под централната купола се наоѓа 3,5 m високиот архиепискописки престол. Двата стола спроти него се високи по 2 m и според каноните, се наменети за световниот владател и неговата сопруга.
Централната купола е со површина од 650 m². Фреските се дело на академскиот сликар Јован Петров со соработниците. Прв пат во светот Исус Христос е насликан на површина од 70 m², при што пречникот на едно око му е 1,5 m. Отстапувањето од каноните е тоа што пророците, наместо во стоечка положба се насликани во седечка положба. Второ отстапување од црковните канони е што се оставени големи проѕорци. За да се одбегне големо количество светлина поставен е кристален плексиглас, што во зависност од аголот под кој паѓа светлината создава прекрасни преливи на бои.
 
Осветлувањето на црквата се врши преку пет тони тешкиот полилеј што е поставен под централната купола. На него се наредени околу 400 светилки. Вториот полилеј, кој е во средината, виси над светиот престол во олтарот.
[[Податотека:Soborna Church Skopje2.JPG|thumb|300px250px|Црквата од блиску]]
Врз основа на проектот што го подготви архитектот Славко Брезовски, изградбата почна на [[23 април]] [[1972]] осветувањето е извршено по повод 1150 годишнината од раѓањето на патронот, [[св. Климент Охридски]] на [[12 август]] [[1990]] во времето на Архиепископот Охридски и Македонски [[Господин Господин Гаврил]].