Коста Шахов: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 47:
Во јули 1893 година Коста Шахов имал средба со [[Иван Хаџи Николов]] кој дошол од [[Солун]] и побарал да му биде препорачано авторитено лице кое би можело да учествува во формирањето на една револуционерна организација. Шахов како таков го посочил Гоце Делчев кои тогаш учел во вoеното училиште во [[Софија]]. Иван Х. Николов тогаш на Коста Шахов и на Делчев им посочил дека:
{{Цитат|''1. Организацијата да се основа во Македонија, а не во Софија, бидејќи основана во Софија и раководена од Софија, Србија и Грците ќе ја третираат како измислица на бугарската влада, ќе основаат и тие такви организации и од нашата организација нема да излезе ништо. При тоа таа треба да биде тајна 2. Основачите да се Македонци, чесни, да имаат добро име и да живеат во Македонија, за да бидат постојано во контакт со населението во Македонија, да бидат и тие изложени на истата опасност на каква што ќе бидат изложени нивните следбеници, со што полесно ќе ја спечалат и довербата на населението 3. Паролата треба да биде автономијата на Македонија. Нашето барање треба да се потпира врз член 23 од Берлинскиот договор, за да се надеваме на успех. Да постигнеме автономија на Македонија, значи да ја откинеме не само од Турците туку и од Србите и Грците. Оцртани еднаш границите на автономна Македонија, Србија и Грците не ќе можат да бараат делови од неа, додека ако посакаме и тие делови од неа. Нашата задача треба да биде да ја спасиме Македонија цела, а тоа може да стане само преку автономна Македонија 4. Организацијата треба да биде самостојна и независна, да нема никакви врски и ангажмани со владите на соседните држави, за да не и влијаат и да не ја обвинуваат дека е орудие на некоја од тие влади и со тоа да предизвика противдејство од страна на другите соседни влади 5. Од Македонците во Бугарија и од бугарскиот народ ќе бараме морална и материјална поддршка, без при тоа да ни се мешаат во работата.'''''<ref> <small> ''Спомени на И. Х. Николов, Д. Груев, Б. Сарафов, Ј. Сандански, М. Грџиков, д-р Х. Татарчев (редакција на Иван Катарџиев), Скопје, 1995, 76-77, Х. А. Полјански, Гоце Делчев... т.1, 110'' </small>.</ref>}}
По четиричасовниот разговор К. Шахов и Г. Делчев го прифатиле планот.