Богомолки: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 37:
 
Богомолките имаат должина на телото обично меѓу 40 и 80 mm. Женките се поголеми од мажјаците. Најмали се видовите од фамилијата ''Mantidae'' во [[Јужна Америка]], чиј најмал вид ''[[Mantoidea tenuis]]'' е долг околу 12 mm. Најголеми се видовите од родовите ''[[Toxodera]]'' и ''[[Ischnomantis]]'' кои можат да достигнат 160 mm.
[[Податотека:Tenodera aridifolia1.jpg|лево|200п|мини|Карактеристичната молечка положба на ''[[Tenodera aridifolia]]''.]]
 
По изглед тоа се мошне необични инсекти, големи и најчесто зелено обоени, со предните нозе собрани како за молитва. И покрај нивниот мирољубив став, богомолките се немилосрдни предатори кои се исхрануваат со инсекти, други без‘рбетници, а исто така и заемно се јадат. Ловат исклучиво користејќи го сетилото за вид, па затоа се активни само во текот на денот. Нивните крупни и испапчени очи на страните од главата овозможуваат двоок вид (бинокуларен вид) што им дава точно да го проценат растојанието. Кога се насочуваат кон пленот, благо се занишуваат напред и назад како цвет или лист на ветер и ја вртат главата (имаат подвижен врат) кон потенцијалната храна. Изненадно преминуваат во напад, силно фаќајќи ја жртвата со српесто свиените предни нозе наоружани со назабени рабови.