Ципокрилци: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Ципокрилците''' (научно: ред '''''Hymenoptera''''') се голема група на инсекти,...
 
Дополнување
Ред 1:
{{Taxobox
'''Ципокрилците''' ([[Систематика|научно]]: ред '''''Hymenoptera''''') се голема група на [[инсект]]и, со преку 100 000 опишани видови<ref>Tanasijević N., Simova-Tošić D. 1985. Posebna entomologija I. Beograd: Poljoprivredni fakultet.</ref>. Се одликуваат со тоа што живеат во големи семејства ([[социјални инсекти]]) со сложена структура и заемодејства. [[Оси]]те, [[мравки]]те и [[пчели]]те припаѓаат во овој ред. Името им доаѓа од [[Старогрчки јазик|старогрчките]] зборови ὑμήν (мембрана, ципа) и πτερόν (крило).
| color = lightsteelblue
| name = Ципокрилци
|fossil_range= {{Фосилен опсег|251|0}}<small>[[Тријас]] - денес</small>
| image = honigbiene_makro.jpg
| image_width = 240px
| image_caption = [[Медоносна пчела]] (''Apis mellifera'').
| regnum = [[Животни|Animal]]ia
| phylum = [[Членконоги|Arthropoda]]
| classis = [[Инсекти|Insect]]a
| subclassis = [[Крилати инсекти|Pterygota]]
| infraclassis = [[Новокрилци|Neoptera]]
| superordo = [[Ендоптериготи|Endopterygota]]
| ordo = '''Hymenoptera'''
| ordo_authority = [[Карл Лине|Linnaeus]], [[Systema Naturae|1758]]
| subdivision_ranks = Подредови
| subdivision =
[[Apocrita]]<br />
[[Symphyta]]
}}
'''Ципокрилците''' или '''опнокрилците''' ([[Систематика|научно]]: ред '''''Hymenoptera''''') се голема група на [[инсект]]и, со преку 100 000 опишани видови<ref>Tanasijević N., Simova-Tošić D. 1985. Posebna entomologija I. Beograd: Poljoprivredni fakultet.</ref>. Се одликуваат со тоа што живеат во големи семејства ([[социјални инсекти]]) со сложена структура и заемодејства. [[Оси]]те, [[мравки]]те и [[пчели]]те припаѓаат во овој ред. Името им доаѓа од [[Старогрчки јазик|старогрчките]] зборови ὑμήν (мембранахумен, значи мембрана или ципа) и πτερόν (птерон, значи крило). Според ова, нивните крила се ципести или мембранести.
 
Се разликуваат два подреда на ципокрилци. ''Symphyta'' имаат т.н. ''седечки стомак'' (широка врска меѓу тораксот и абдоменот), додека ''Apocrita'' имаат ''висечки стомак'' (меѓу првиот и вториот абдоменален сегмент постои стеснување кое му дава подвижност на останатиот дел од абдоменот). [[Ларва|Ларвите]] на симфитите се главно [[растенојад]]ни, а кај апокритите најчесто се [[месојад]]ни или [[паразит]]ски. Што се однесува до потеклото на ципокрилците и [[филогенија]]та во рамките на редот, постојат големи несогласувања меѓу различните автори. За предокот на ципокрилците постојат повеќе хипотези, а и меѓусебните односи на групите ''[[Aculeata]]'' и ''[[Parasitica]]'' во рамките на подредот ''Apocrita'' различно се толкуваат.
 
== Морфологија ==
[[Податотека:Wasp morphology Generic Text.svg|300px|десно|мини|Морфологија на стерилна оса-работничка. Се препознава дека е женка по поделбата на антените и по осилото. Ознаки: '''A''' глава; '''B''' торакс; '''C''' абдомен; '''1.''' Образ, '''2.''' теме, '''3.''' очели, '''4.''' сложени очи, '''5.''' клипеус, '''6.''' антена, '''7.''' окуломаларен простор, '''8.''' мандибула, '''9.''' предна нога, '''10.''' средна нога, '''11.''' фемур, '''12.''' тибија, '''13.''' тибијална боцка, '''14.''' тарзус, '''15.''' тарзална канџа, '''16.''' задна нога, '''17.''' стернум, '''18.''' осило, '''19.''' тергум, '''20.''' задно крило, '''21.''' предно крило.]]
 
=== Глава ===
 
Главата може да биде ''ортогнатна'' - кога усните органи се поставени во низа одгоре надолу и ''прогнатна'' - кога усните органи се поставени во низа кон напред. Меѓу овие две структурни положби на усните органи постои и меѓуструктура, кога усните органи се поставени накосо на долу или накосо кон напред. Топографски, површината на главата се дели на теме (''vertex''), чело (''frons''), тил (''occiput'') и образи (''gena'').
 
На страните од главата се сместени две, обично добро развиени, сложени [[Око|очи]] со овален или поретко потковичест облик. Дорзално на главата се наоѓаат три [[очели]] поставени во вид на триаголник. Меѓу сложените очи се наоѓаат антенските вдлабнатинки во кои се всадени [[Антена (инсект)|антените]]. Антените по облик и по број на членчиња се многу разновидни - кончести, перести, со 4 до 70 членчиња. Симфитите обично имаат 9 членчиња, мажјаците од фамилиите ''[[Sphecoidea]]'', ''[[Apoidea]]'', ''[[Vespoidea]]'' и ''[[Scolioidea]]'' имаат 13, а женките 12 членчиња. На антените се поставени различни [[сетилни органи]].
 
Непосредно под антенските вдлабнатинки или нешто пониско се наоѓа специфична површина - [[клипеус]] (''clipeus''), која со [[Епистома|епистомски]] шав е одвоена од лицето. Доколку овој шав е редуциран, тогаш горната ивица на клипеусот е ограничена со две тенторијални јамички. На задниот дел од главата се наоѓа [[форамен]]от - отвор за преминување на внатрешните органи во тораксот. Под фораменот е сместена главената капсула која е широко отворена, при што образува лабио-магзиларен отвор, односно отвор за [[рилка]]та. Тука е сместен лабиомагзиларниот комплекс, кој заедно со мандибулите (вилиците) го образува усниот апарат.
 
=== Граден дел - торакс ===
 
Според градбата на тораксот, ципокрилците се делат на две групи: ''Symphyta'', кај кои градите (како и кај повеќето инсекти) се состојат од три делови: ''про-'', ''мезо-'' и ''метаторакс'' и ''Apocrita'', каде во составот на градите влегува и првиот абдоменален сегмент кој се нарекува [[проподеум]]. [[Стернит]]от на протораксот обично е целосно редуциран, што значи дека протораксот е граден само од [[Плеура|проплеури]]. Кај пчелите и [[Оси копачи|сфекоидните оси]], задните агли од протораксот образуваат израстоци кои ги прекриваат отворите на [[Трахеи|трахеалниот систем]].
 
Мезотораксот е најдобро развиен дел од тораксот кај ципокрилците. Под [[кутикула]]та на мезотораксот се наоѓаат моќни [[мускул]]и кои ги движат предните [[Крило (инсект)|крила]]. Кај бескрилните форми овој дел од тораксот е прилично редуциран.
 
==== Крила ====
 
Ципокрилците поседуваат два пара на мембранести (ципести или опнасти) крила кои во текот на летот се споени со еден ред од кукички - ''хамули''. Задниот пар на крила е обично нешто помал од предниот. Постојат големи разлики во обликот, степенот на развиеност и нерватурата на крилата. Надолжните и напречните [[нерв]]и образуваат околу 20 ќелии. На предниот раб на предните крила, близу средината, се наоѓа силно [[хитин]]изирано поле наречено ''крилно око''. Споредбата на крилните нерви со тие на другите инсекти е отежната, бидејќи се многу променети во однос на основниот градбен тип поради развојот на бројни напречни нерви. Среде ципокрилците има и бескрилни форми.
 
Кај видовите кај кои дошло до редукција на задниот пар крила и метатораксот е исто така редуциран. Кај симфитите (освен фамилијата ''[[Cephidae]]'') на метатораксот се воочуваат два округли испапчувања - [[спиракулум]]и. Странично метатораксот е поделен на метаепимера и на метаепистернум. Обично метаепистернумот е силно редуциран. На задниот крај од [[Нотум|метанотумот]] се спојуваат третиот пар на кокси (бутови), а дорзално вториот пар крила.
 
==== Екстремитети ====
 
Екстремитетите (нозете) на ципокрилците се состојат од бут (''coxa''), трохантер (''trochanter''), фемур (''femur''), тибија (''tibia'') и тарзус (''tarsus''). Кај симфитите, ''[[Ichneumonoidea]]'' и многу апокрити, трохантерот е двочлен, односно како втор член се јавува трохантелос. Тарзусот се состои од 5 кратки членчиња, освен кај ''[[Halcida]]'' каде може да ги има 3-4. Тарзусите често се снабдени со кукички и запчиња. Овие структури се јавуваат и на фемурот, а на врвот од тибиите се наоѓаат повеќе или помалку развиен [[еперон]]и - боцки. Нозете се прилагодени за различни функции: одење, копање, придржување на пленот (кај [[Паразитски оси|паразитските оси]]), за собирање и пренесување на нектарот кај пчелите, кај мажјаците за придржување на женката. Првиот пар на нозе се наоѓа близу главата и механички е споен со неа, така што има координирана работа со горната вилица. Ова е од големо значење при правењето на гнездото.
 
=== Абдомен - стомак ===
 
Абдоменот се состои од 10 сегменти. Првиот влегува во состав на тораксот кај симфитите, така што првиот видлив абдоменален сегмент е, всушност, втор. Сегментите се изградени од [[тергит]]и и [[стернит]]и одвоени меѓусебно со мембрани. На страните од тергитите се отвора трахеалниот систем. Обично има 8 пара на [[Стигма (инсект)|стигми]]. Врвните абдоменални сегменти, од 8-от кај женката и од 9-от кај мажјакот, се силно изменети и влегуваат во состав на половиот апарат. Седмиот стернит кај женката е исто така силно изменет. Многу е развиен, свиен наназад и се нарекува [[гипопигиум]]. Првиот сегмент од абдоменот, морфолошки вториот, кај апокритите е исто така изменет. Тој образува дршка - петиола, која ја овозможува подвижноста на абдоменот. Во составот на петиолата влегува само тергит, додека кај ''[[Ammophila]]'' стернит. Кај некои претставници од ''[[Halcida]]'' петиолата е силно редуцирана, така што абдоменот е речиси седечки. Кај фамилијата ''[[Braconidae]]'' првите три абдоменални сегменти се споени, така што и браздата меѓу 2 и 3-от сегмент не се забележува. Кај некои мажјаци 6-от тергит е обрабен со пигидијално поле, кое служи за исфрлање на земјата при градењето на гнездо.
 
== Наводи ==
Ред 5 ⟶ 58:
 
[[Категорија:Инсекти]]
 
[[ar:غشائيات الأجنحة]]
[[bg:Ципокрили]]
[[ca:Himenòpter]]
[[cs:Blanokřídlí]]
[[de:Hautflügler]]
[[el:Υμενόπτερα]]
[[en:Hymenoptera]]
[[eo:Himenopteroj]]
[[es:Hymenoptera]]
[[et:Kiletiivalised]]
[[fi:Pistiäiset]]
[[fr:Hymenoptera]]
[[gl:Himenóptero]]
[[he:דבוראים]]
[[hu:Hártyásszárnyúak]]
[[id:Hymenoptera]]
[[io:Himenoptero]]
[[is:Æðvængjur]]
[[it:Hymenoptera]]
[[ja:ハチ目]]
[[ko:벌목 (곤충)]]
[[la:Hymenoptera]]
[[lt:Plėviasparniai]]
[[lv:Plēvspārņu kārta]]
[[nl:Vliesvleugeligen]]
[[nn:Årevengjer]]
[[no:Årevinger]]
[[oc:Hymenoptera]]
[[pl:Błonkoskrzydłe]]
[[pt:Hymenoptera]]
[[qu:Qaralla rapra]]
[[ro:Hymenoptera]]
[[ru:Перепончатокрылые]]
[[simple:Hymenoptera]]
[[sr:Opnokrilci]]
[[sk:Blanokrídlovce]]
[[sl:Kožokrilci]]
[[su:Hymenoptera]]
[[sv:Steklar]]
[[th:แตน]]
[[tr:Hymenoptera]]
[[uk:Перетинчастокрилі]]
[[vi:Bộ Cánh màng]]
[[zh:膜翅目]]