Претколумбовска Америка: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
 
Голем број на [[Листа на пред-колумбиски цивилизации|пред-колумбиски цивилизации]] оставиле силни белези на територијата каде живееле преку градење на големи населби, развиена [[архитектура]], [[земјоделство]], [[писменост]] и [[уметност]]. Прилично добар процент од културното наследство на староседелските народи денес е уништено како резултат на европското населување на [[Америка]] во [[15 век]] и [[16 век]] и истражувачите црпат значајни информации преку археолошките остатоци, записи или малиот број зачувани кодекси. Додатно на тоа ако се земе и фактот дека голем број од цивилизациите немале пишан јазик, истражувањата за овој период се уште повеќе отежнати. Некои од цивилизациите имале свое писмо со кое го запишувале јазикот, како на пример [[Маите]]. Огромен процент од записите на староседелците биле уништени од колонизаторите сметајќи ги како еретички.
 
Според европските и староседелските записи, американските цивилизации имале доста развиени култури и општества, како и културни и технолошки достигнувања. Така на пример, [[Ацтеки]]те го изградиле еден од најимперисвните градови во светот - [[Теночтитлан]] кој имал население од 200.000 жители. Како главни елементи во староседелската американска наука биле сметани [[математика]]та и [[астрономија]]та, а главна стопанска дејност [[земјоделство]]то.
 
 
==Користена литература==