Претколумбовска Америка: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
 
'''Пред-колумбискиот период''' е заеднички термин за неколку [[Арехологија|археолошки]] и [[Историја|историски]] периоди на [[Америка]] пред доаѓањето на европските колонизатори и доселеници. Иако овој период технички е именуван со доаѓањето на [[Кристофер Колумбо]] во [[1492]] и [[1504]] година во Америка, овој период всушност ја опфаќа историјата на староседелските американски народи во [[Јужна Америка]], [[Средна Америка]] и [[Северна Америка]] сè до окупирањето на териториите од европските империи, па и понатака.
 
Доста често овој термин се користи да се посочат староседелските цивилизации во Америка како на пример народите [[Олтеци]], [[Толтеци]], [[Теотихуакано]], [[Запотеци]], [[Миштеци]], [[Ацтеки]], [[Маи]], [[Инки]], [[Моче]], [[Чивча]] или [[Кањарис]].
 
Голем број на [[Листа на пред-колумбиски цивилизации|пред-колумбиски цивилизации]] оставиле силни белези на територијата каде живееле преку градење на големи населби, развиена [[архитектура]], [[земјоделство]], [[писменост]] и [[уметност]]. Прилично добар процент од културното наследство на староседелските народи денес е уништено како резултат на европското населување на [[Америка]] во [[15 век]] и [[16 век]] и истражувачите црпат значајни информации преку археолошките остатоци, записи или малиот број зачувани кодекси. Додатно на тоа ако се земе и фактот дека голем број од цивилизациите немале пишан јазик, истражувањата за овој период се уште повеќе отежнати. Некои од цивилизациите имале свое писмо со кое го запишувале јазикот, како на пример [[Маите]]. Огромен процент од записите на староседелците биле уништени од колонизаторите сметајќи ги како еретички.
 
==Користена литература==