Лилјаци: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето |
|||
Ред 74:
Големите лилјаци јадат плодови, [[нектар]] или [[полен]], додека повеќето мали лилјаци јадат [[инсект]]и. Други може да се исхрануваат со [[крв]], мали цицачи, [[риби]], плодови, полен или нектар. Големите лилјаци имаат добро развиена [[видна кора]] (визуелен кортекс) и покажуваат добра [[видна јасност]], додека малите зависат од ехолокацијата за да се ориентираат во просторот и да го најдат својот плен.
[[Филогенија]]та на различните групи на лилјаци
[[Генетика|Генетските]] истражувања укажуваат дека големите лилјаци потекнуваат од раниот Еоцен и треба да се сместат во рамките на четирите главни линии на мали лилјаци. Последователно, предложени се два нови подреда на лилјаци кои се основаат на молекуларни податоци. Новиот подред ''[[Yinpterochiroptera]]'' ги вклучува ''Pteropodidae'' или фамилијата на големи лилјаци, како и фамилиите ''[[Rhinolophidae]]'', ''[[Megadermatidae]]'' и ''[[Rhinopomatidae]]''. Новиот подред ''[[Yangochiroptera]]'' ги вклучува сите останати фамилии на лилјаци (од кои сите користат ларингална ехолокација). Овие два нови подредови се силно поддржани од статистичките тестови.
|