Царство на Инките: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с македонски назив на шаблонот
Ред 65:
{{Main|Кралство Куско}}
[[File:Late-intermediate-peru.png|thumb|right|100px|Кралство Куско.]]
Своите организираци цивилизациски односи [[Инки]]те ги започнале како мала група во долината на градот [[Куско]] во [[12 век]]. Под водство на [[Манко Капак]], тие создале град-држава [[Кралство Куско|Куско]]. Во [[1438]] година, тие започнале со освојување на територии и територијално проширување на своето кралство, под директно раководство на [[Сапа Инка]] [[Пачакути]], чие име во превод значи ''земјотресач''. Името му го дале по освојувањето на племето [[Чанка]]си, односно денешни [[Апуримак]]и. За време на неговото владеење, тој и неговиот син [[Тупак Јупанки]] голем дел од [[Анди]]те го ставиле под свое раководство, односно денешни [[Перу]] и [[Еквадор]].<ref name="isbn0-521-31896-3">{{citeЦитирана bookкнига |author=Demarest, Arthur Andrew; Conrad, Geoffrey W. |title=Religion and empire: the dynamics of Aztec and Inca expansionism |publisher=Cambridge University Press |location=Cambridge, UK |year=1984 |pages=57–59|isbn=0-521-31896-3 |oclc= |doi= |accessdate=}}</ref>
 
=== Реорганизација ===
[[File:Inca-expansion.png|thumb|десно|100px|Подем на Империјата од 1438 до 1527.]]
 
[[Пачакути]] го организирал кралството и го претворил во голема Империја со ново име - ''Тавантинсују''. Империјата имала федерален систем на политичка структура со централна власт на чело со [[Сапа Инка]]. Во политичката хиерархија во империјата, второто место го заземале управителите на четирите покраини: [[Чинчасују]] на северозапад, [[Антисују]] на североисток, [[Контисују]] на југозапад и [[Коласују]] на југоисток. Исто така се верува дека Пачакути го изградил градот [[Мачу Пикчу]], дали како семеен дом или како место за одмор, но сепак има и мислење дека овој град бил главен земјоделски центар во Империјата. <ref>{{CiteЦитирана bookкнига | last=Weatherford | first=J. McIver | authorlink=J. McIver Weatherford | coauthors= | title=Indian givers: how the Indians of the Americas transformed the world | date=1988 | publisher=Fawcett Columbine | location=New York | isbn=0-449-90496-2 | pages=60–62}}</ref>
 
Пачакути испраќал шпиони во регионите кои сакал да бидат под власт на Инките. Тие назад враќале извештаи за политичката организација на територијата, воената сила и богатство. Понатака, Пачакути испраќал пораки до лидерите на посакуваните територии со понуди и со ветувања за добар и луксузен живот. Поголем дел од понудите на Пачакути биле прифатени. После прифаќањето, кралските семејства на новите територии биле донесувани во Куско за обука за функционирањето на Империјата и повторно враќани во своите татковини за понатамошно управување со истите.
Ред 93:
{{Main|Инки}}
 
Денес нема заеднички став помеѓу историчарите за тоа колкав бил бројот на населението на Тавантинсују, каде има проценки од 4 милиони до 37 милиони луѓе. Причината за ваквата различна проценка е во начинот на читање на Инка белешките. Имено, Инките имале доста развиен систем на бележење на бројот на населението со помош на [[кипу]], но денес не се знае да се прочитаат податоците како што треба. Записите кои укажувале на начинот на читање на кипу биле уништени од [[Шпанци]]те.<ref>{{CiteЦитирана bookкнига | last=McEwan | first=Gordon Francis | authorlink=Gordon Francis McEwan | coauthors= | title=The Incas: New Perspectives | date=2006 | publisher=W. W. Norton | location= | isbn=0-393-33301-9 | pages=93–96}} There is some debate about the size of the population.</ref>
 
=== Религија ===