Внатрешна македонска револуционерна организација - Народна партија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
Нема опис на уредувањето
Ред 8:
 
На [[Парламентарни избори 2008 година|Собраниските избори во 2008]] ВМРО-НП воопшто не излезе со свои листи на пратеници.
 
На 27.12.2008 година ВМРО - Народна партија одржа Централен комитет на кој од членство беше исклучен Ѓорги Трендафилов. Централниот комитет на ВМРО - Народна партија на истата седница го избра м-р Марјан Додовски за в.д. претседател на партијата.
 
Во 2009 година на редовните локални и претседателски избори ВМРО - Народна партија настапи самостојно во 40 општини и градот Скопје, или на помалку од половината на територијата на Република МАкедонија. Со освоените 43.000 гласа, ВМРО-Народна партија беше изненадувањето на овие избори и како политичка партија се етаблира за ТРЕТ ПАРТИСКИ СУБЈЕКТ ВО МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИТИЧКИ БЛОК.
За разлика од останатите учесници во политичкиот процес како политичка партија која не настапи на минатогодишните предвремени парламентарни избори, во услови на медиумска и политичка блокада, како партија во процес на реорганизација, со најскромно водена кампања, достоинствено успеа јасно да се позиционира како трета политичка партија со силна тенденција на следните парламентарни избори ВМРО-Народна партија да ја има клучната улога на македонската политичка сцена.
 
На 23 Октомври, денот на ВМРО, ВМРО - Народна партија го одржа својот 14-ти Конгрес. На Конгресот, со акламација, за претседател на ВМРО - Народна партија беше избран м-р Марјан Додовски.
 
Кон крајот на 2009 година ВМРО - Народна партија покрена иницијатива за промена на грбот на Република Македонија. Предлогот беше земскиот грб од 1620 година, златно - жолт лав на црвена позадина на црвена основа.
 
На 14.03.2010 година ВМРО - Народна партија одржа Централен комитет во Охрид на кој беше избран новиот Извршен комитет на партијата.
 
== Цели на партијата ==