Разлика помеѓу преработките на „Правилник за четите на ТМОРО“

с
исправки
с (Правилникот за четите на ТМОРО преместена како Правилник за четите на ТМОРО: не членувана форма на наслов на статија)
с (исправки)
{{внимание}}
'''ПравиникотПравилникот за четите на ТМОРО''' бил изработен од страна на [[Гоце Делчев]] и [[Ѓорче Петров]] во 1898 година<ref><small>''{{цитирана книга|first=Д. |last=Димески, |title=Македонското нацинално движење во Битолскиот вилает 1893 - 1903''</small>}}</ref>, и тоа врз членот 11 од [[Уставот на ТМОРО]] и окружното на ''ЦК'' од октомври 1898 година. Според [[Борис Сарафов]], правилникот бил изработен од [[Ѓорче Петров]] и капетанот [[Јордан Венедиков<ref><small>''Спомени на Борис Сарафов''</small></ref>]]. Правилникот бил хектографиран и верификуван од страна на Централниот Комитет. За време на Солунската провала од 1901 година ([[Солунска афера]]), правилникот се нашол во рацете на турските власти, и од тука најверојатно потекнуваат бројните негови варијанти, односно слободни толкувања кој се нашле меѓу солунските конзули.
 
Правилникот се состоел од 47 члена, поделени во 5 глави. ''I глава'' не била нумерирана и на свој начин преставувала преамбула. Во ''II глава'' се регулирани а) агитацијата, б) организацијата, в) извршените задачи г) крајните задачи на четата. ''III глава'' се однесува на општите правила за четата. Во ''IV глава'' се утвредени односите помеѓу комитетот и четата. ''V глава'' ги регулира составот и внатрешниот ред на четите.
 
<blockquote>
'''''I глава: Во секој револуционерен реон се утврдува по една чета, која е неразделен дел на Организацијата. Таа се движи тајно во реонот по потреби на делото и по распоред на Месниот комитет'''''<ref name="pbmok"><small>''{{цитирана книга|title=Правилник за четите на Тайната Македоско - Одринска революционна организация, ам. ф. Фо, мф 329, 195/2157, No. 207''</small>}}</ref>
</blockquote>
 
<blockquote>
'''''II глава: член 1. Четата како дополнителен дел на месната организација ги разјаснува и шири меѓу населението идеја, целта и задачата на Организацијата, определени во нејзиниот Устав и Правилник, член 3. Четата треба да влијае морално кај населението во корист на идејата за самоворужување, член 5. Четата е должна да го обучува населението во воен поглед, член 6. Четата е должна да се грижи за воружувањето на населението, член 7. Четата е должна да му помага на месниот комитет при насилно собирање пари за потребите на делото, член 8. По наредба на Комитетот, четата ги исполнува смртните казни, член 9. Четата е должна да ги прогонува разбојниците независно од ниваната вера и национална припадност. Истовремено таа ги преследува сите други чети на својата територија, кои не припаѓаат на ТМОРО, член 10. Четата не смее да прави никакви политички обири и грабежи во името на ослободителното дело, член 11. Четата како воружена јатка на повик на ЦК треба прва да го крене и разве знамето на востанието.'''''<ref name="pbmok"/>
</blockquote>
 
<blockquote>
'''''III глава: член 16. мерки од покрупен карактер, кои можае да ја завлечат организацијата предвремено во борба, се сметаат за престапни и предавнички. Виновниците се гонат и казнуваат како престапници и народни душмани'''''<ref name="pbmok"/>.
</blockquote>
 
<blockquote>
'''''IV глава: член 19. Четат е потчинета на месното раководно тело, ги исполнува неговите наредби, а за своите намери бара дозвола од него и го известува за стореното, член 25. Четата не смее да го напушти својот реон без дозвола на ЦК'''''<ref name="pbmok"/>.
</blockquote>
 
<blockquote>
'''''V глава: член 27. Четата се состои од 7 или повеќе души, според потребите и условите во кои се наоѓа реонот. Секоја чета има свој началник кој се определува од ЦК, член 29. Составот на четниците е направен во согласност со месното раководство, четата не може да прими нов член без знаење на раководителот, но ни тој не може да и наложи таков без нејзина согласност, член 30. Се допушта привремено засолнување во четата на лица кои се компромитирани пред властите, член 42. Четниците и нивниот началник сносат еднаква одговорност пред Комитетот за постапките на четата, член 45. Интригите, среброљубието, егоизмот и непослушноста се казниви, член 46. Смртна казна следува за а) предавството кон поединец, четата или Организацијата, б) поради издавање на тајна со која е доведена во опасност Организацијата, четата или поединец в) ако поради своеглавост и од лични амбиции се преземаат дејства спротивни од намената на четата и духот на Организацијата г) дезетерство за време на акција д) кога четата по подолго набљудување на некого оцени дека заслужува смрт, член 47. Решенијата за смрт се донесуваат од целата чета и со одобрување на реонското раководно тело.'''''<ref name="pbmok"/>
</blockquote>
 
==Надворешни врски ==
*[http://www.angelfire.com/super2/vmro-istorija/Dokument/pravvmro.html www.angelfire.com] (Правилник на четите на Тајната македонско-одринска револуционерна организација)