Историја на Тунис: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 8:
 
Првите напади на Арапите на територијата на денешен Тунис започнале кон 647 година. Византија била поразена. Во 661 година бил заземен Бизерта. Во 698 година бил освоен поголемиот дел од територијата. За разлика од Римјаните и Византијците, Арапите ја освоиле целоснои територијата на земјата. Во 800 година била основана династија Аглабида која владееле во наредните сто години. Тунис станал важно културно седиште во чиј центар се наоѓал Кееруан. Била основана голема морска флота. Во почетокот на 10 век била основана династијата на Фатимиди|Фатимидите. Во 921 година бил основан градот Махдиа и прогласен за престолнина на Фатимидскиот калифат. Во 948 година била заземена Сицилија. Во 972 година тие својата престолнина ја преместиле во Египет. Распаѓањето на Фатимидската династија се случило во средината на 11 век, кога еден владетел добил од Абасиди|абасидскиот калиф статус на заповедник на целиот Магреб. Во текот на 16 век Тунис паднал во рацете на Османликса империја|Османлиската империја. Во следниот век Тунис станал вазалство на империјата, со огромна независност и автономија. Во 1869 година Тунис прогласил банкрот, па така настапиле европските освојувачи Франција, Италија и Велика Британија кои ја зазеле целосно економијата на земјата. Во 1881 година француската војска влегла во Тунис и за три недели ја зазел целата територија на земјата. Тунис станала фрнацуски протекторат. Во овие години во земјата биле извршени големи економски промени. Во Тунис биле изградени железнички станици, патна инфраструктура. Наспроти тоа ресурсните богатства на земјата целосно биле експлоатирани од Франција. По ова следувало создавање на првите националистички движења чија цел била добивање на независност на земјата. Својата независност Тунис ја издвојува на 20 март 1956 година.
 
==Наводи==
{{наводи}}
[[Категорија:Историја на Тунис|Историја на Тунис]]