Историја на Англија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
Историјата на денешна [[Англија]] започнува со населувањето на луѓето пред илјадници години. Денешна Англија, која е дел од [[Велика Британија]], била населена од [[Неандерталец|неандерталецот]] пред околу 230.000 години. Сепак, човечкото присуство односно човечкиот живот датира пред околу 11.000 години. Во регионот има остатоци од [[Мезолит|мезолитот]], [[Неолит|неолитот]] и [[Бронзено доба|бронзената епоха]]. Како најпознати археолошки пронајдоци од тоа време се [[Стоунхенџ]] и [[Авебери]]. Во текот на [[Железно доба|железната епоха]], Англија, заедно со [[Велика Британија]] била населена од страна на [[Келти|Келтите]] и [[Британи|Британите]], некои [[Белги|белгиски племиња]] како [[Атребати]], [[Катвелауни]] и [[Тринованти]]. Во [[43]] година започнало [[Римско освојување на Велика Британија|римското освојување]] на [[Велика Британија]]. Старите Римјани врз територијата успеале да одржуваат контрола до [[5 век]].
 
Римското заминување од островот ја најавила Англо-Саксонска инвазија на Велика Британија|Англо-Саксонската инвазија на Велика Британија. Денеска, општо прифатливо е тврдењето дека денешните Англичани водат потекло од Англо-Саксонците. Англо-Саксонците се германи|германски народ кои успеале да основат неколку кралства во денешна Англија и делови од јужна Шкотска.<ref>[http://www.bbc.co.uk/history/ancient/anglo_saxons/saxons.shtml The Anglo-Saxons], BBC - History</ref> Овие народи зборувале на староанглиски јазик, кој се разделил со британски јазик|британскиот јазик. Англо-саксонците ги покориле односно станале наследнички на денешната држава Велс, областа Корнуол и Хен Оглед. Често пати островот бил напаѓан од страна на Викинзи|Викинзите (ококлу 800) и Норсеми|Норсемите, при кое постигнувале и големи успеси зазимајќи делови од денешна Англија. Во тој период голем број на владетели се обидиле да ги обединат различните англо-саксонски кралства, обиди кои довеле до создавање на Кралство Англија во 10 век.