Биоенергија: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Биоенергијата''' е обновлив извор на енергија достапен од материјали добиени од био...
(нема разлика)

Преработка од 21:59, 14 март 2010

Биоенергијата е обновлив извор на енергија достапен од материјали добиени од биолошки извори. Во својата најтесна смисла е синоним за биогориво, што претставува гориво добиено од биолошки извори. Во својат поширока смисла вклучува биомаса, биолошкиот материјал кој се користи како биогориво, како и општествените, економските, научните и техничките полиња поврзани со користењето на биолошките извориза енергија. Ова е често недорасбирање, всушност бионергијата е енергијата извлечена од биомасата,како што биомасата е гориво и биоенергијата е енергија содржана од гориво. Биомасата е секој органски материјал кој складирал сончева светлина во форма на хемиска енергија.Како гориво може да вклучи дрво, слама, шталско ѓубре,шеќерна репка и многу други биолошки производи од различни земјоделски процеси. Има мала насока за зборот биоенергија да биде омилен во Европа во споредба со биогоривото во Северна Америка.


Цврста биомаса

Биомаса е материјал добиен од неодамна живи организми,што вклучува растенија,животни и нивните биолошки производи. Шталското ѓубре, градинарското ѓубре и житните остатоци,сите се извори на биомаса. Тоа е обновлив извор на енергија врз база на јаглероден циклус, за разлика од другите природни ресурси како што е нафтата,јагленот и нуклеарните горива. Животинскиот отпадок е истраен и неизбежен загадувач, создаден главно од животните сместени во фармите со индустриска големина. Исто така,има земјоделски производи што се одгледуваат за производство на биогориво. Ова вклучува пченка,високи треви и соја главно во САД,семе од репка,пченица и шеќерна репка главно во Европа, шеќерна трска во Бразил,палмово масло и трајна трева во југоисточна Азија,соргум и касава во Кина и јатрофа во Индија. Конопот,исто така е докажано дека работи како биогориво.Биоразградливите производства од индустријата,земјоделството,шумарството и домаќинството мозе да се искористат за производство на биогориво,користејќи на пример анаеробни варења за да се произведе биогас,гасификација за да се произведе синтетички диоксид или со директно согорување. Примерите од биоразградливи отпадоци вклучуваат слама,дрво,шталско ѓубре, оризови сили,отпадоци и отпадоци од храна.Користењето на биомасни горива може да придонесе во управувањето со отпад,како и за безбедност на горивата и да помогне да се спречат или забават климатските промени, иако самите тие не се сеопфатни решенија за овие проблеми.


Производство на електрична енергија од биомаса

Електрична енергија од отпадок од шеќерна трска во Бразил

Сахарозата се вбројува во малку повеќе од 30% од хемиската енергија зачувана во зрелото растениеч 35 % е во листовите и стеблата,кои се оставени на полињата за време на берењето и 35 % се во влакнестите материјали (отпадокот од шеќерната трска)останати од притискањето. Процесот на производство на шеќер и етанол во Бразил има целосна корист од енергијата зачувана во шеќерната трска. Дел од отпадокот од шеќерната трска моментално се гори во мелницата за да обезбеди топлина за дестилација и електрична енергија за да управуваат машините. Ова им овозможува на фабриките за етанол да бидат енергетски доволни сами за себе па дури да го продадат вишокот на електрична енергија на комуналните услуги.Моменталното производство е 600мв за сопствена употреба и 100 мв за продажба. Оваа секундарна активност се очекува да напредне сега кога комуналните услуги се наведени да платат „фер цена“ (околу 10 американски долари по гигаџул или 0.036 американски долари за киловат по час) за 10 годишни договори.Ова е приближно половина од она што Светската Банка го смета за референтна цена за инвестирање во слични проекти.Енергијата е особено важна за комуналните услуги бидејќи се произведува главно со сувата сезона кога хидроелектранските брани послабо работат. Проценките за потенцијално создавање на енергија од отпад од шеќерна трска е во опсег од 1000 до 9000 мв , во зависност од технологијата. Повисоки оценки презема гасификацијата на биомасите,замената на сегашните парни котли и турбини со низок притисок од тие со висок притисок и користењето на ѓубриво од жнеењето моментално оставено на полињата. За пример е бразилската Ангра 1 нуклеарна фабрика која создава 657 мв.

Во моментов,тое е економски одржливо да се извлечат околу 288 мџ на електрична енергија од остатоците од еден тон на шеќерна трска, од кои околу 180 мџ се користат во самата фабрика. Досега средна дестилерија обработува 1 милион тони шеќерна трска, годишно би можела да продаде околу 5 мв од вишокот на електрична енергија. Според сегашните цени ќе заработи 18 милиони американски долари од продажба на шеќер и етанол и околу 1 милион американски долари од продажба на вишокот на електрична енергија. Со понапредна технологија на бојлери и турбини, производството на електрична енергија може да се зголеми до 648 мџ по тон од шеќерна трска, но моменталните цени на електрична енергија не ја оправдуваат потребната инвестиција.(Според еден извештај,Светската Банка ќе финансира инвестиции за создавање на енергија од отпад од шеќерна трска ако цената е најмалку 19 американски долари по гигаџул или 0.068 американски долари за киловат по час). Согорувањето на отпадот од шеќерната трска е еколошки во споредба со други горива,како нафтата и јагленот. Неговата содржина од пепел е само 2.5%(наспроти 30-50% од јагленот) и не содржи сулфур.Откако гори на релативно ниски температури, прозиведува ,малку азотни оксиди. Освен тоа,отпадот од шеќерна трска се продава за користење како гориво (заменувајќи го тешкиот мазут) во разни индустрии,вклучувајќи го и концентратот за цитрусов сок, растително масло,керамика и рециклирање на гуми. Државата Сао Паоло самата користи 2 милиони тони,заштедувајќи околу 35 милиони американски долари за увозот на мазут. Истражувачите кои работат со целулозен етанол се обидуваат да направат екстракт од етанол од отпадот од шеќерна трска или други растенија одржливи на индустриски размер.

Технолошкиот Универзитет Делхи направи пионерски истражувања од областа на истражувањето на биогоривата од третата генерација. Технолошкиот Универзитет Делхи (поранешен колеџ за инженерство Делхи) исто така ја организира првата меѓународна конференција за новите граници во биогоривата. Конференцијата има за цел да засолни платформа олеснувајќи ја замената на идеи и искуство меѓу научниците вклучени во разни делови од истражувањето на биогорива.