Историја на Малави: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Историја на Малави}}
На територијата на денешен [[Малави]], народот [[Банту]] започнал да се населува кон [[10 век]], за да кон [[15 век]] на овие простори формире голема држава која ги опфаќала териториите на денешните земји: [[Замбија]], [[Танзанија]] и [[Зимбабве]]. Таа држава се распаднала во [[16 век]], кога Португалците го откриле езерото Малави. Освен [[Португалци|Португалците]], во овој регион биле присутни и [[Арапи|Арапите]], а во [[1835]] година, јужните делови од денешната земја биле заземени од страна на народот [[Зулу]]. Англискиот истражувач [[Дејвид Ливингстон]] бил оној копј ги направил најголемите чекори за колонизацијата на земјата, по кое шкотската црква испратила свои мисии околу езерото. Група од шкотски трговци по потекло од [[Глазгов]], во [[1878]] година основала “''Компанија на афричкото езеро''“, за да се осигури снабдувањето на мисионерите. <ref>http://www.tanzaniaodyssey.com/www.africanet.com/africanet/country/malawi/history.htm</ref>
 
Во [[1891]] година [[Велика Британија]] го основала Протекторатот на [[Британска Централна Африка]], кој во [[1907]] година се преименувал во [[Њасаланд]]. Следувало период во кој народот во Малави на повеќе пати не успеал да ги истера британците од својата територија, проследено преку конфликти. Афричката елита, која се школувала главно во [[Европа]] и [[Америка]], во [[1944]] година основала ''Њасаланд Афрички Конгрес''. Британија во [[1953]] година го споила Њасаланд со Северна и Јужна [[Родезија]], создавајќи ја [[Јужноафриканска федерација|Јужноафриканската федерација]]. Во [[1958]] година лидер на Њасаланд Афрички Конгрес станал [[Хастингс Камузу Банда]]. Во [[1959]] година тој бил затворен поради своите политички активности, но веќе следната година бил пуштен од затвор, учествувајќи на конференцијата во [[Лондон]]. На [[15 април]] [[1961]] година партијата ги освоила изборите во законодавниот совет, добивајќи на тој начин контрола врз извршниот совет на Њасаланд. На втората уставна конференција во Лондон, која се одржала во [[1962]] година, британската влада на Њасаланд дала право на самоуправување. [[Хастингс Камузу Банда]] станал премиер на [[1 февруари]] [[1963]] година, додека пак британците сеуште ги контролирале финансиите, безбедноста и правниот систем во земјата. Федерацијата помеѓу Родезија и Њасаланд престанала да постои на [[31 декември]] [[1963]] година, па така на [[6 јули]] [[1964]] година била прогласена независноста на земјата, под името Малави.