Историја на Малави: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
На територијата на денешен [[Малави]], народот [[Банту]] започнал да се населува кон [[10 век]], за да кон [[15 век]] на овие простори формире голема држава која ги опфаќала териториите на денешните земји: [[Замбија]], [[Танзанија]] и [[Зимбабве]]. Таа држава се распаднала во [[16 век]], кога Португалците го откриле езерото Малави. Освен [[Португалци|Португалците]], во овој регион биле присутни и [[Арапи|Арапите]], а во [[1835]] година, јужните делови од денешната земја биле заземени од страна на народот [[Зулу]]. Англискиот истражувач [[Дејвид Ливингстон]] бил оној копј ги направил најголемите чекори за колонизацијата на земјата, по кое шкотската црква испратила свои мисии околу езерото. Група од шкотски трговци по потекло од [[Глазгов]], во [[1878]] година основала “''Компанија на афричкото езеро''“, за да се осигури снабдувањето на мисионерите. . Во 1891 година Велика Британија го основала Протекторатот на Британската Централна Африка, кој во 1907 година се преименувал во Њасаланд. Следувало период во кој народот во Малави на повеќе пати не успеал да ги истера британците од својата територија, проследено преку конфликти. Афричката елита, која се школувала главно во Европа и Америка, во 1944 година основала Њасаланд Афрички Конгрес. Британија во 1953 година го споила Њасаланд со Северна и Јужна Родезија, создавајќи ја Јужноафриканската федерација. Во 1958 година лидер на Њасаланд Афрички Конгрес станал Хастингс Камузу Банда. Во 1959 година тој бил затворен поради своите политички активности, но веќе следната година бил пуштен од затвор, учествувајќи на конференцијата во Лондон. На 15 април 1961 година партијата ги освоила изборите во законодавниот совет, добивајќи на тој начин контрола врз извршниот совет на Њасаланд. На втората уставна конференција во Лондон, која се одржала во 1962 година, британската влада на Њасаланд дала право на самоуправување. Хастингс Камузу Банда станал премиер на 1 вефруари 1963 година, додека пак британците сеуште ги контролирале финансиите, безбедноста и правниот систем во земјата. Федерацијата помеѓу Родезија и Њасаланд престанала да постои на 31 декември 1963 година, па така на 6 јули 1964 година била прогласена независноста на земјата, под името Малави.