Разлика помеѓу преработките на „Плаштари“

Додадени 126 бајти ,  пред 11 година
с
 
Ларвалниот стадиум, кој најмногу личи на [[полноглавец]], има грбно нервно стебло заштитено во нотохорд, потоа мозок (односно [[ганглија]]), [[жабри]], [[крвни садови]] и [[целом]] (секундарна телесна празнина). Овие карактеристики на туникатната ларва индицираат дека оваа група е повеќе поврзана со хордатите отколку со без‘рбетниците. Слободнопливачката ларва се прикачува себеси за супстрат и поминува низ процес на видоизменување во возрасната форма, губејќи ги притоа повеќето од сличностите со повишите животни.
[[Податотека:Larva ascidia-key.svg|центар|мини|400п|Градба на ларва од асцидија: '''1''' - влезен сифон, '''2''' - адхезивни папили, '''3''' - жабрени цепнатинки, '''4''' - желудник, '''5''' - црево, '''6''' - нотохорд, '''7''' - нервна цевка, '''8''' - атријална (клоакална) празнина, '''9''' - излезен сифон (атриопора).]]
Возрасната единка обично претставува седентарно животно кое поседува целосен [[Систем за варење|дигестивен систем]], [[срце]] и [[циркулаторен систем]], жабрена мрежа и редуциран [[нервен систем]]. Прекриена е со туника. Вазновидното животно има два сифона - еден кој дозволува водата да навлегува во телесната празнина и другиот низ кој водата излегува надвор. Водата поминува низ филтерски апарат кој ги заробува малите хранливи честички и ги предава на желудникот. Мрежестата жабрена торба го екстрахира [[кислород]]от од водата како што таа минува низ неа. Повеќето туникати се [[хермафродит]]и, но некои пливачки видови, како [[Салпа|салпите]], се размножуваат и полово и бесполово (смена на генерации). Колониите може да бидат формирани по пат на бесполово размножување, а некои видови формираат заеднички одводен сифон. Една класа на мали, ларвовидни туникати се храни со помош на сложена мукозна "куќичка" која го обиколува телото.