Историја на Камерун: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 3:
Во текот на [[1472]] година, за прв пат португалските трговци и морепловци престигнале на бреговите на денешен Камерун. Тие во своите патешествија ја опишале флората и фауната на река [[Бури (река)|Бури]], нарекувајќи ја ''Рио Дос Камароеш''. Се смета дека името на денешната земја доаѓа од оваа фраза. Кон почетокот на 1800-тите, народот Фулани успеал да го освои поголемиот дел од денешен северен Камерун. Во следните години, европските трговци успеале да ја наметнат својата моќ на овие простори. Населението, како и кај другите африкански земји, главно било користено за трговија со ровоби, кое главно служело за немените на [[Јужна Америка]]. Во текот на [[1884]] година, Камерун станал колонија на [[Германска империја|Германската империја]], која го дала почетокот на развојот на земјата, подобрувајќи ја инфраструктурата на земјата, но во исто време користејќи го трудот на локалното население.<ref name="DeLancey and DeLancey"/>По поразот на Германија во [[Прва светска војна|Првата светска војна]] во [[1919]] година, Камерун бил разделен помеѓу победителите од војната, [[Франција]] и [[Велика Британија]]. Франција го продолжил економскиот развој на земјата подобрувајќи ја исто така инфраструктурата на земјата,<ref name="DeLancey and DeLancey"/>Слично како и претходните власти, така и [[Французи|француските]], локалното население повторно го користеле за своите потреби. Од друга страна пак, [[Велика Британија]] својата територија на Камерун ја управувала од денешна Нигерија. Нигериските работници биле испраќани во јужниот дел на Камерун, кое дополнително предизвикувало незадоволство помеѓу локалното население.<ref name="DeLancey and DeLancey"/>
 
Својата независност Камерун ја добил од Франција на [[1 јануари]] [[1960]] година. Прв претседател на земјата станал [[Ахмаду Ахиџо]]. Следната година, на [[1 октомври]] [[1961]] година, британскиот дел на Камерун исто така добил независност, по кое двата дела формирале ''Федерална Република Камерун''. Ахмаду Ахиџо, кој бил од партијата [[Камерунски национален сојуз]], имал идеја да ги искористи идеите на комунизамз[[комунизам|комунизмот]] и [[капитализам|капитализмот]] истовремено. Во следните години, земјата доживеала определен економски развој. На [[4 ноември]] [[1982]] година, за нов претседател на земјата бил избран [[Пол Бија]] од Народното демократско движење на Камерун. За разлика од своите претходници, тој се стремил кон подемократско управување. Сепак во негово време, земјата доживеала економски регрес. Во [[1990]] година, од една група на граѓани била создадена нова република под името Амбазонија. Следувале години на конфликти и анархија.