Иван Тургенев: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Препишав текст од Британика книга бр.9
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
Иван Сергеевич ТиргеневТургенев е роден на 9 ноември 1818 година во Ориол, Русија , а умрел на 3 септември 1883 година во Буживал, во близина на Париз, Франција. Тој е руски романописец, поет и драматург. Во годините минати на Универзитетот во Берлин се убедил во супериорноста на Западот и за потребата на Русија да прифати и апсорбира бројни вредности од земјите на Западот. Тургенев живеел во Европа по 1862 година. Останал забележан по своите реалистични и возбудливи прикази на ликови од редовите на руските селани , како и по своите проучивања на руската интелегенција која се обидувала земјата да ја насочи кон новите времиња. Неговото најпознато дело од раниот период на неговото творештво било "Дневникот на непотребниот човек" (1850) каде што го вовел епитето "непотребен човек" како синоним за интелектуалците со слаба волјаи чуство на бескорисност, кои бле вообичаени протагонисти во руската литература од XIX век. Тургенев се прославил со циклусот кратки раскази "Ловечки записи"(1852) каде што го критикувал аргатскиот систем на големите земјени имоти. Како негово ремек-дело се смета "Еден месец во село" (1855), а подоцна романот "Рудин" (1856). Неговиот интерес за промените во интегративните разлики го изразли преку контроверзното дело "Татковци и деца" (1862) , неговиот најголем роман. Делата на Тургенев се разликувале од оние на неговите современици по неговото софистицирано пишување во отсуство на хипербола, по неговата балансираност во приказите, како и по неговата грижа за уметничките вредности. Неговите најголеми дела секогаш представувале тематска посветена литература, со способноста за универзално обраќање со помош на чувството за елеганција , приказот на љубовната приказна , како и способноста за извонредна психолошка перцепција содржана во портретирањето на ликовите.
{{Русија-писател-никулец}}