Разлика помеѓу преработките на „ДНК полимераза“

Одземени 2 бајти ,  пред 10 години
с
Бот Менува: sv:Dna-polymeras; козметички промени
с (Бот додава Шаблон: Без извори)
с (Бот Менува: sv:Dna-polymeras; козметички промени)
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
'''ДНК полимеразите''' се [[ензим]]и кои учествуваат во синтетизирањето на нови [[ДНК]] нишки или вериги користејќи ги постоечките ДНК нишки како шаблони. Пред [[Делба на клетките|клеточната делба]], ДНК се удвојува преку процес на [[полимеризација]]. Кај сите клетки од сите живи организми, ДНК полимеразите се [[протеин]]ските [[Катализа|катализатори]] кои ги поврзуваат [[нуклеотид]]ите од новиот ДНК [[полимер]] во процесот на [[репликација]].
 
Друга улога на ДНК полимеразата е репаративната (поправната). [[Геном]]ската ДНК може да се оштети од страна на високореактивни молекули кои се создаваат во клетката за време на нормалниот [[метаболизам]] или, пак, се внесуваат во клетката од надворешната средина. Доколку ваквото оштетување не се поправи, можат да настанат [[Мутација (генетика)|мутации]] во геномот или смрт. ДНК полимеразата ги отстранува оштетените нуклеотиди и ја ресинтетизира ДНК одново.
Сите ДНК полимерази делат заеднички механизам за синтеза на ДНК нишките. Полимеризацијата на ДНК се случува постепено, односно со поврзување на еден нов нуклеотид со постариот нуклеотид од ДНК нишката. Сето ова се одвива по правилото на [[комплементарност]] на [[Базен пар|базните парови]] ([[тимин]] се поврзува со [[аденин]]; [[гванин]] со [[цитозин]]). За време на репликацијата, и двете ДНК молекули (нишки) служат како шаблони за синтеза на нова ДНК. ДНК нишките се одвојуваат и секоја се копира од страна на ДНК полимеразата. Со ова се добиваат две идентични копии од оригиналниот дуплекс на ДНК молекули кои се наменети за двете идни клетки.
 
ДНК полимеразата ја користи [[нуклеозид трифосфат]]ната форма на [[деоксинуклеотид]]ите за да изгради ДНК полимер. Монофосфатната форма на деоксинуклеотидот се вметнува во растечкиот ДНК ланец, при што се ослободува [[пирофосфат]]на молекула. ДНК полимеразата може да додава [[нуклеотид]]и само на 3′-OH крајот од растечкиот ДНК ланец. Според ова, полимеризацијата на ДНК се одвива во еден правец.
 
[[Категорија:Ензими]]
[[sl:DNK-polimeraza]]
[[sr:ДНК полимераза]]
[[sv:DNADna-polymeras]]
[[ta:டி. என். ஏ பாலிமரேசு]]
[[tr:DNA polimeraz]]