Историја на Египет: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 30:
== Османлиско и британско владеење ==
 
Египет под власта на [[Османлиска империја|Османлиската империја]] се нашол во [[1517]] година, во времето на [[Селим II]]. Значењето на Египет за Отоманците било економско и стратешко.<ref name="Abu-Lughod, Janet L. 1991. PP. 243">Abu-Lughod, Janet L. ''Before European Hegemony The World System A.D. 1250-1350''. New York: Oxford UP, USA, 1991. PP. 243</ref> <ref name="Abu-Lughod, Janet L. 1991. PP. 243"/> Приходите од порезот на земјата, царината за морските и речните патишта биле користени за финансирање на војската. Градот [[Каиро]] станал голем центар во рамките на империјата. Во текот на [[18 век]], Египет започнал со своите акции за добивање на [[автономија]]. Во [[1798]] година земјата била заземена од страна на [[Наполеопн Бонапарта]]. Сепак, Французите се повлекле во [[1801]] година. Во [[1854]] година [[Франција]] добила концесија за изградба на [[Суецки канал|Суецкиот канал]], отворен во [[1869]] година. Поради големите трошоци, египетскиот [[кедив]] бил принуден каналот да го продаде на [[Обединетото Кралство]]. Поради големото незадоволство, во [[1879]] година на чело со [[Ахмед Ураби]], било формирано првото национално движење. Во [[1882]] година тој станал претседатењл на владата. Плашејќи се од губењето на контролата на каналот, [[Франција]] и [[Обединетото Кралство]] извршиле воена интервенција врз египетската војска.
 
По [[Прва светска војна|Првата светска војна]], Османлиите конечно биле поразени и Британија добила голема контрола над земјата. По војната продолжиле конфликти за независност на земјата, која ја добила во 1922 година на чие чело застанал кралот [[Фуада II]]. Во [[1936]] година бил постигнат договор помеѓу Британија и Египет според кој британските трупи го контролирале само Суецкиот канал во земјата.