Историја на Египет: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 25:
 
== Персиско владеење==
 
Персиското освојување на Египет се случило во 618 година. Иако императорот Ираклиј успеал да ги прогони Персијците во 629 година, сепак следниот напад не бил доволен да се зачува земјата. Во периодот од 623-642 година, Египет бил освоен од страна на Арапи|Арапите, кои го донеле исламот и арапскиот јазик. Со земјата во почетокот владееле намесниците на калифите. Во текот на 9 век, силата на Абасиди|Адасидите од Багдат ослабнала, па земјата била раководена од страна на династија Тулунида (868—905) и Ихшидида (935—969). Во 969 година Египет бил освоен од страна на Фатимиди|династијата на Фатимидите, кои биле шиити. Градот Каиро станал пресолнина на нивната земја во 973 година. Во 1099 година, во текот на првата крстоносна војна паднал градот Ерусалим во рацете на христијаните. Владетелот на фатимидите, Саладин, во 1168 година ги започнал своите војни против крстоносците. Не само што постигнал големи успеси против христијанската војска, туку Саладин го симнал од власт на последниот фатимидски владетел, повторно го воведел сунитскиот ислам и се прогласил за султан во 1175 година. Во следните векови, Египет бил на неколку пати напаѓан од страна на крстоносците, но безуспешно. Во 1250 година власта преминала во рацете на Мамлуци|Мамлуците, кои во 1277 година ја зазеле Арка истерувајќи ги крстоносците од Светата Земја.