Историја на Египет: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: Древниот Египет претставува многувековна држава, која се наоѓала во североисточна...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
[[Податотека:Tutanchamun Maske.jpg|мини|лево|200|Тутанкамон]]
Во 28-23 век п. н. е. се формирала древно-египетската цивилизација. Единството на древниот Египет се однесувало во господарството на [[фараон|фараонот]] кој имал неограничена власт низ целата држава. [[Фараон|Фараонот]] бил глава на митот кон сите богови во древниот Египет при што и самиот тој бил сметан за [[бог]]. Тоа тврдење најмногу доаѓа до израз при градењето на [[Пирамиди во Гиза|пирамидите]] за кои се смета дека всушност биле гробници на [[фараон|фараоните]] како [[Џосер]], [[Снофер]], [[Кеопс]] (Хуфу), [[Кефрен]] (Хафра) и [[Микерин]] (Менкаур). Исто така многу нараснал и култот кон богот на сонцето [[Амон Ра]], а фараоните се нарекувале дека се негови синови.
 
Во текот на 23-21 век древниот Египет се распаднал на множество номови (деловни единици). Новото државно обединување на древниот Египет започнало со нараснувањето на силите на номарсите на [[Хераклеопол]] (во Среден Египет). Тиванскиот [[фараон]] [[Ментухотеп I]] станал владетел на обединетиот Египет.
Во текот на 21-18 век за покровител на [[фараон|фараоните]] бил објавен богот Амон. [[Аменемхет I]] ја преместил престолнината од [[Тива]] во [[Итауи]] и по само неколку години повторно се распаднал обединетиот Египет.
Во текот на 18-16 век Древниот Египет бил заземен од страна на азиските [[Хиксоси]], кои со презимањето на власта на Долен Египет си создале свој град со име [[Аварис]] и кој всушност станал и главен град во источниот дел на делтата на реката Нил. Ослободувањето на земјата му успева на [[Јахмос I]].
Во време на владеењето на [[Аменхотеп III]], древниот Египет го достигнал своето величество. Од провинциите во [[Азија]], древниот Египет добивал како даноци [[мед]], [[олово]], [[сребро]], животни, [[вино]], [[слонова коска]] и слично. Од државата Пунт пак, каде царицата Хатшепсут испраќала експедиција, во древниот Египет пристига исто така голема „помош“. Овде бил воздигнат и новиот сончев бог Атон, каде поради негова чест била основана нова престолнина - Ахетатон. По смртта на Ехнатон, престолнината била вратена во [[Тива]] во 1335 година п.н.е.
 
Кон 1290 г. п.н.е., [[фараон|фараонот]] [[Рамзес II]] повторно ја зајакнал моќта на Египет. Водел големи борби со Хетите и нивните сириски сојузници. Главен град во времето на владеење на овој фараон станува [[Пер-Рамзес]].
 
Во 945 година п.н.е либискиот военоначалник Шешонк I се прогласил за [[фараон]], а за своја престолнина го избрал градот [[Бубастис]] во делтата на [[Нил]]. Тој го презел [[Ерусалим]] и го ограбил.
 
Во 671 г. п.н.е. асириската армија на Асархаддон го презема и го ограбува [[Мемфис]].
Во 667 г. и 663 г. п. н. е. Асирците ја преземаат [[Тива]]. [[Псаметих I]] успева повторно да го обедини Египет. Во времето на [[Нехо II]], син на [[Псаметих I]], бил направен канал, кој го поврзувал [[Нил]] со [[Црвено Море|Црвеното Море]].
 
Во текот на 332 г. п.н.е. во Египет навлегла армијата на [[Александар Македонски]] и државата станала дел од неговата империја. По распадот на неговата империја, Египет попаднал под власт на [[Птоломеј I Сотир|Птоломеј Лаг]] — основачот на македонската династија на ''Птоломеите Лагиди'' (305-30 г. п.н.е.). Главен град станал [[Александрија]].
 
За време на управувањето на царицата [[Клеопатра]] - последна од [[Птоломејска династија|династијата на Птоломеите]], Египет се вовлекол во политички борби со Рим.