Илијада: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Отстрането уредувањето на 77.29.9.99 (разговор), вратено на последната верзија на SieBot
Ред 4:
'''„Илијада“''' е [[епопеја]] која се смета дека ја напишал [[Хомер]]. Тематски е сврзана со времето кога Грците ја почнале [[колонизација]]та на островите во [[Егејско Море]] и на [[Мала Азија]]. Оваа колонизација била предизвикана од зголемувањето на населението на Балканскиот Полуостров, кое почнало да бара земји за насесување и да ги напаѓа и ограбува соседите. Содржинската основа на епопејата ја сочинуваат настани од времето на [[Тројанска војна|Тројанската војна]], што се случила во периодот од тринаесеттиот до дванаесеттиот век пред н.е. Според митот за Tројанската војна, Парис, синот на [[троја]]нскиот [[цар]] Пријам, ја грабнал Eлена, жената на [[спарта]]нскиот цар Mенелеј, и ја однесол во родниот [[град]] Илион (Троја). Сите грчки јунаци од одделни области на чело со Агамемнон, [[цар]]от на арг, се кренале против ова нечесно дело на Парис за да му се одмаздат. Така почнала војната што траела десет години. За заповедник на аџајската -грчката војска бил поставен Агамемнон. Настаните за кои се раскажува во „Илијадата” се случиле во последната, десетта година од војната.
 
== Кратка содржина ==х
 
Во 10тата година на тројанската војна избувнала караница мегу Ахил и Агамемнон, аполоновиот [[свештеник]] Хрис го замолил Агамемнон да му ја врати ќерката Хрисеида, која како дел од пленот му била доделена на Агамемнон по освојувањето на градот Теба од Ахајците. Агамемнон не сакал да му ја исполни молбата на Хрис и богот Аполон налутен од оваа негова постапка за казна испратил страшен помор меѓу грчката војска. За да го смилостиви Аполона, Агамемнон му ја вратил Хрисеида на свештеникот, но ја зел Бриседа, заробеничка на Ахил. Кога ова го дознал Ахил - најсилниот ахајски јунак - се разгневил и се откажал да се бори против Тројанците. Разжалостен седнал покрај многуводното море и ја замолил мајка му, божицата Тетида да се одмазди за таа неправда што му ја сторил гордиот цар Агамемнон. Тетида го убедила Зевс да се застапи за син и и да им помогне на Тројанците. Тогаш воената среќа поминала на страната на Тројанците. Тројанците кои десет години не се решавале да излезат од градот и да војуваат на отворено бојно поле, бидејќи во редовите на ахајската војска се наоѓал Ахил, тогаш излегле надвор од сидиштата на Троја и почнале двобои и општи битки. На двобој излегле Менелај и Парис каде што победил Менелај, но божицата Афродита го спасила Парис на тој начин што го направила невидлив и го одвела во неговиот дворец. На двобој излегле Ајакс и Хектор. Хектор бил ранет, но богот Аполон брзо го излекувал.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Илијада