'''Метаморфните карпи''' (''Meta - morphe'' - изменување на формата, видоизменување) се голема група на [[Карпа|карпи]]. Тие се настанати со преобликување на [[Магматска карпа|магматските]] и [[Седиментна карпа|седиментните]], или веќе постоечките метаморфни карпи. Ваквите промени се резултат на [[Физика|физичко]] - [[Хемија|хемиски]] услови кои се разликуваат од оние кои владееле во времето на настанување на матичната (магматска или седиментна) карпа. Најчесто метаморфизмот се врши поради промена на [[притисок]]от и [[температура]]та, при што преобразбата на матичната карпа може да биде структурна, [[Минералогија|минералошка]] и хемиска. Со процесот на [[прекристализација]] се зголемуваат зрната, при што, на пример од [[Варовник|варовниците]] настануваат [[мермер]]и, од [[Песочник|песочниците]] [[кварцит]]и и сл.
Страницата постои. Ова што беше на неа е инкорпорирано и истата е надополнета.
Терминот [[шкрилавост]] или фолијација се користи за взаемниот паралелен распоред на листовидните [[минерал]]и, како [[биотит]], [[мусковит]], [[хлорит]], [[талк]] итн.
Метаморфните карпи се делат на ''регионално-метаморфни'', ''динамометаморфни'' и ''контактно-метаморфни''.