Стојан Новаковиќ: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Jingiby (разговор | придонеси)
с Извор.
Jingiby (разговор | придонеси)
с Македонско научно-литературно другарство во Санкт Петербург
Ред 3:
'''Стојан Новаковиќ''' ([[1842]] - [[1915]]) е еден од најистакнатите српски научници и виден политичар и [[државник]], универзитетски [[професор]] и [[академик]], [[министер]] на правдата и за внатрешни работи и претседател на српската влада, но повремено и дипломатски претставник на [[Србија]] во [[Цариград]] ([[1886]]-[[1891]] и [[1897]]), во [[Париз]] ([[1899]]-[[1902]]) и во [[Санкт Петербург]] ([[1902]]-[[1905]]). Новаковиќ се трудеше да биде близок и до македонските национални дејци за да може да ги искористи за целите на српската политика и пропаганда, па се среќаваше и со [[Крсте Петков Мисирков]]. Стоян Новаковиќ пишува до министерот на просветата на Кралство Србија, Белград во 1887 г.: <blockquote>
,,...Бидејќи Бугарштината, како на сите им е добре познато, има длабоки корени во Македонија, мислам дека е скоро невозможно таа да биде уништена ако и се противопостави само српската идеја. Се сомневам, дека оваа идеја ќе може да ја потисне Бугарската, ако остане само како чисто и голо противопоставење. Затоа голема корист би имале од свој соузник, остро противопоставен на Бугаризмот и содржејќи во себе си елементи кои да го привлечат народот и кои да бидат блиски на неговите чувства - точно тие ќе го одцепат от Бугарштината. Каков таков сојузник јac го гледам Македонизмот..." <ref>Кл. Џамбазовски, „Културно-општествените врски на Македонците со Србија во текот на XIX век", Скопје, 1960г. , стр. 17.</ref> </blockquote>
Во истата година во Цариград, со благослов на Стојан Новаковиќ, дипломатски претставник на Србија таму, било формирано [[Друштвото Србо - Македонци|Друштво на Србо-Македонците]] во кое влегле и членовите на Тајниот македонски комитет од Софиja. Подоцна со неговата помош било создадено и [[Македонско научно-литературно другарство во Санкт Петербург]] во 1902 г.
 
==Извори ==
<references/>