Х македонски конгрес: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Десетиот македонски конгрес''' на македонските друштва во [[Бугарија]] со својата работа започнал на 28 јули 1902 година во [[Софија]]. Претходно со посебно окружно бил објавен списокот на друштвата кои можеле да учествуваат и да испратат делегати. Како приврзаници на [[ТМОРО]] присуствувале: [[Никола Наумов]],[[ Тома Карајовов]], [[Борис Сарафов]], [[Пејо Јаворов]] и други<ref name="ht"><small>''П. Константин Национлнотоослободително движение в Македония и Тракия 1893-1093, София, 1979.''</small></ref>. Од друга страна пак ''Софиското друштво'' добило задача да ги организира непоканетите друштва<ref name="ht"/>. Врховниот комитет за да се осигура дека нема да присуствуваат непожелните друштва, внимателно ги проверувал полномоштвата кои ги испаратил и тоа одзело неколку дена<ref name="ht"/>. Истовремено непризнаените друштва се организирале за да го усогласат ставот кон [[Иван Цончев]]. Притоа Борис Сарафов сакал да се пробијата со кама и револвер, што било одбиено од [[Ѓорче Петров]], притоа опозициските делегати решиле да учествуваат на конгресот<ref name="ht"/>. Конгресот ги разгледал односите помеѓу [[ТМОРО]] и ''Врховниот комитет'' [[Врховен македонско-одрински комитет]], притоа било истакнато дека [[ТМОРО]] не е во состојба да го снабди населението во Македонија со оружје и да крене револуција и било осудено Задграничното преставништво на организацијата<ref name="ht"/>.
 
----
Гоце Делчев одбил да зборува на конгресот, бидејќи не им било допуштено на сите делегати да присуствуваат. Конгресот го повикал да даде образложение за неговото држење, на што Делчев одговорил писмено, притоа до конгресот се обратил како
<blockquote>
'''''До собрание на Славјанска беседа'''''<ref><small>''Гоце Делчев, Писма и други документи''</small></ref>
</blockquote>
==Извори==
<references/>