Историја на Уругвај: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
Пред доаѓањето на шпанските и португалските колонисти, на териториите на денешен [[Уругвај]] живееле индијански племиња, главно од племето ''чаруа''. Првиот град кој што бил основан опд страна на [[Шпанија]] бил [[Колонија дел Сакраменто]] во [[1680]] година, важна тогашна [[тврдина]] која била изградена на источниот дел од [[Рио Плата]], која на повеќе пати во текот на историјата била превземувана од страна на Португалците. Во текот на [[1726]] година бил основан градот [[Монтевидео]], денешната престолнина на земјата. Територијата во периодот од [[1776]]–[[1814]] била во составот на [[Вицекралство Рио де ла Плата]]. Во [[1798]], [[1806]] и [[1807]] година [[Англија]] на повеќе пати се обидувала да ги зазеде териториите на Вицекралството но безуспешно. Во [[1822]] година Бразил ја окупирал територијата на денешен Уругвај. По шестгодишна војна, во [[1828]] година Уругвај конечно успеал да издвојува своја независност и да се оформи како држава.
 
Кон крајот на 19 век, Уругвај го завршил процесот на демокатизирање и постогнал определени успеси во поглед на зајакнување на својата економија. Земјата била една од првите во светот која дозволила развод на бракот преку закон (1907), како и право на жените да излезат на избори. Таа е втора земја во светот која со закон регламентирала задолжително и бесплатно образование (1877). Во тој период земјата е една од најразвиените во регионот, поседувајќи ја највисоката зграда на светот, најголемиот стадион на светот. Земјата станала светски шампион во фудбал во 1930 и 1950 година. Овој период земјата била позната и како Американска Швајцарија.