Разлика помеѓу преработките на „Гавијал“

Додадени 39 бајти ,  пред 10 години
с
Бот Додава: ga:Gairiál; козметички промени
с (Бот Додава: sk:Gaviál indický)
с (Бот Додава: ga:Gairiál; козметички промени)
'''Гавијал''' (''Gavialis gangeticus'') познат и под името '''Индиски гавијал''' или '''гариал''' е еден од двата преживеани видови од фамилијата [[Gavialidae]], во која спаѓаат [[крокодиловидни]] рептили до долги остри муцки. Спаѓа во групата на критично загрозени видови. Гавијалот е второ најдолго крокодиловидно животно после [[морски крокодил|морскиот крокодил]] <ref name="ufl">[http://www.flmnh.ufl.edu/cnhc/csp_ggan.htm Crocodilian species - Gharial]</ref>.
== Еволуција ==
Фосилната историја на гавијалите е доста проучувана. Првите примероци се одвоиле од останатите [[крокодиловидни]] животни за време на доцниот [[кретацеоус]]. Најспецифична карактеристика за претставниците на оваа фамилија е долгата тенка муцка, која претставува адаптација на исхрана со мали риби. Иако гавијалите ја изгубиле големата механичка сила на вилиците која ја имаат [[крокодил]]ите и [[алигатор]]ите, па поради тоа не можат да ловат големи животни, сепак формата на нивната муцка им дава и одредени предности. Намалената тежина и отпорност во вода на нивниот череп и острите вилици им овозможува лесно движење низ водата и лов на брзи риби.
Првите гавијали не се знае дали се директно поврзани со модерните видови, некои изумреле во исто време како и [[диносаурус]]ите (доцниот [[кретацеоус]]) додека други преживеале и до раниот [[еоцен]]. Денешните гавијали еволуирале во делтите и крајбрежните води во [[Африка]], потоа преминувајќи го [[Атлантик]]от стигнале и до [[Јужна Америка]]. Во врвот на нивната распространетост во [[плиоцен]]от тие зафаќале голем дел од [[Азија]] и [[Америка]]. Еден вид ''[[Rhamphosuchus crassidens]]'' присутен во [[Индија]], се смета дека растел и до неверојатни 15 метри, па дури и повеќе.
 
== Распространетост ==
Го среќаваме на северниот дел од Индијскиот подконтинент, односно: [[Бутан]] (речиси изумрен), [[Бангладеш]] (близу до изумирање), [[Индија]] (присутен е во мал број, но популацијата се зголемува), [[Мјанмар]] (најверојатно изумрен), [[Непал]] (присутен и популацијата се зголемува) и [[Пакистан]] (речиси изумрен). Најчесто се среќава во речните системи на [[Индус]] (Пакистан), [[Брамапутра]] (Бангладеш, Бутан и североисточна Индија), [[Ганг]] (Бангладеш, Индија и Непал) и [[Маханди]] (Индија), како и во мал број во Каладан и Ајејарвади во Мјанмар. Во одредени региони, живеат на истите територии и со [[Мугер]] крокодилот (''Crocodylus palustris'') и со [[Морски крокодил|морскиот крокодил]] (''Crocodylus porosus'').
=== Живеалиште ===
Гавијалите живеат во мирните делови на длабоките реки. Морфологијата на овие животни не им дозволува многу лесно да се движат на копно. Всушност гавијалите ја напуштаат водата само кога лежат на брегот за да се топлат на сонцето или кога положуваат јајца во гнездата кои ги градат на песочните брегови од реките.
== Карактеристики ==
[[Податотека:Gharial lurking.jpg|thumb|Гавијал во заседа]]
[[Податотека:PHOTO 2006-01-03 123444 resize resize.JPG|right|thumb|Мажјак гавијал]]
На долгите вилици има многу преплетени остри [[заб]]и, адаптирани на нивната исхрана со [[риби]]. Гавијалот има 27 до 29 горни и 25-26 долни заба на секоја страна. Првиот, вториoт и третиот мандибуларен заб се наоѓаат во засеци на горната вилица. Предните заби се и најголеми.
Овој вид е еден од најголемите видови на крокодиловидни животни, освен [[морски крокодил|морскиот крокодил]] (''Crocodylus porosus'') и [[нилски крокодил|нилскиот крокодил]] (''Crocodylus niloticus''), со многу индивидуи со рекордни голеини од 6 метри и тежина од 1000 килограми<ref><http://animals.nationalgeographic.com/animals/reptiles/gavial.html></ref>. Сепак повеќето гавијали не надминуваат 5 метри и тежина од 680 килограми<ref>[http://www.sandiegozoo.org/animalbytes/t-crocodile.html San Diego Zoo's Animal Bytes: Alligator & Crocodile<!-- Bot generated title -->]</ref>. Трите најголеми регистрирани индивидуи се гавијалот убиен во реката [[Гогра]] во август 1920 со должина од 6,5 метри, гавијалот убиен во реката [[Чеко]] во 1934 до 6,3 метри, и гигантскиот гавијал од реката [[Коси]] во северн [[Бихар]] во јануари 1924 година до рекордни 7 метри<ref>Wood, The Guinness Book of Animal Facts and Feats. Sterling Pub Co Inc (1983), ISBN 978-08511223590-85112-235-9</ref>.
Мускулатурата на екстремитетите на гавијалите не дозволува животното да го издигне телото од земјата, па зота тој се движи со влечење на телето нанапред. Во вода, овие животни се најподвижни и најбрзи од сите крокодиловидни роднини. Опашката е странично сплескана и многу поразвиена од кај останатите видови, што овозможува одлични способности за маневрирање во вода.
 
== Исхрана ==
[[Податотека:PHOTO 2006-01-03 123558 resize resize.JPG|left|thumb|Мажјак гавијал во зоолошката градина во Сан Диего]]
Младите гавијали се хранат со [[инсекти]], [[ларва|ларви]] и мали [[жаби]]. Возрасните индивидуи се хранат речиси единствено со [[риби]], иако забележано е како некои се хранат и со мртви животни. Морфологијата на муцката и идеално приспособена за лов на риби. Тенката муцка нуди многу мал отпор во вода, што овозможува брзи и нагли движења за зграпчување на рибите. Забите во форма на игли се одлични за цврсто држење на рибите со лизгава кожа.
=== Oпасност за човекот ===
Гавијалите не се човекојадни животни. И покрај нивната големина, тие поседуваат тенки и слаби вилици, неспособни да ловење на било кое поголемо животно, вклучувајќи го и човекот. Митот дека гавијалите јадат луѓе може да доаѓа поради фактот дека физички се доста слични на [[крокодил]]ите.
== Размножување ==
Сезоната на парење започнува во ноември и трае цел декември и голем дел од јануари. Правењето на гнездото и положувањето на јајца е за време на сувата сезона, односно март, април и мај. Ова е поради тоа што за време на сувата сезона, реките се стеснуваат и се создаваат песочни брегови погодни за градење гнезда. Женката несе помеѓу 30 и 50 јајца. Јајцата на гавијалот се најголеми, споредено со другите видови крокодиловидни животни. Инкубацијата трае околу 90 дена, пото младите излегуваат и се упатуваат директно кон водата. Мајката се грижи за младите само првите неколку дена, а потоа тие се препуштени сами на себе.
== Заштитен статус ==
[[Податотека:Gaviál indický.jpg|thumb|right|250px]]
Во 1970тите години, гавијалот е доведен на работ од изумирање, а и денес се ноаѓа на листата на критично загрозени видови. Соработката на екологистите и на неколку влади доведе до намалување на опасноста од изумирање. Надежта лежи во заштитните програми кои се почнати во 2004 година. Целосна заштита за овој вид е донесена во 1970тите со надеж дека ќе се намали ловокрадството, но на почетокот спроведувањето на оваа заштитa одела доста бавно. Денес, има 9 заштитени региони во [[Индија]], кои се поврзани со фарми и институции за размножување во заробеништво. Овие институции ги собираат јајцата од дивината, ги одгледуваат во заробеништво (со цел да се намали смртноста од природни предатори) и потоа се пуштаат во дивината (првите индивидуи одгледани во заробеништво се пуштени во 1981 година). До денес, повеќе од 3000 животни се пуштени во дивината благодарение на овие програми, и популацијата во Индија се проценува на 1500 животни, со можеби 1000-2000 во останатите региони каде што е распространет овој вид. Овие програми, сепак не ги дале очекуваните резултати. Повеќе од 100 гавијали умреле во Индија од непозната причина. Оваа смртност се смета дека го намалила бројот на парови способни за размножување на помалку од 400. Тестовите на умрените гавијали покажале можност од труење со метали.
Во 2007 година, овој вид е преместен од листата загрозени видови, на листата на критично загрозени, според Црвената листа на заштитени видови. Исто така е и под заштита на [[Вашингтонски договор за заштита на видовите]], со Апендикс 2<ref>{{цитирана веб страница|url=http://www.iucnredlist.org/search/details.php/8966/summ|title=Choudhury, B.C., Singh, L.A.K., Rao, R.J., Basu, D., Sharma, R.K., Hussain, S.A., Andrews, H.V., Whitaker, N., Whitaker, R., Lenin, J., Maskey, T., Cadi, A., Rashid, S.M.A., Choudhury, A.A., Dahal, B., Win Ko Ko, U., Thorbjarnarson, J & Ross, J.P. 2007. Gavialis gangeticus. In: IUCN 2007. 2007 IUCN Red List of Threatened Species. <www.iucnredlist.org>>}}</ref><ref>[http://timesofindia.indiatimes.com/India/At_200_gharials_now_on_critically-endangered_list/articleshow/2363751.cms “At 200, gharials now on critically-endangered list” by Neelam Raaj , TNN, The Times of India, 13 Sep 2007]</ref>.
 
== Референци ==
{{превод}}
{{reflist}}
 
== Надворешни врски ==
* {{en}} http://www.arkive.org/gharial/gavialis-gangeticus/ Слики и видеа
* {{en}} http://reptilis.net/crocodylia/gavies/gavialidae.html неформален артикл со одлични слики
[[fi:Gaviaali]]
[[fr:Gavial du Gange]]
[[ga:Gairiál]]
[[he:גאביאל]]
[[hi:घड़ियाल, पशु]]