Класичен период: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нова страница: Периодот во грчката култура од 70-тите години на V век п.н.е. до крајот на IV в...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
Периодот во [[Грција|грчката]] [[култура|култура]] од 70-тите години на V век п.н.е. до крајот на IV век п.н.е. е познат како [[класичен период|класичен период]]. Тоа е време на силен процут на сите видови [[уметност|уметност]], пред се на [[архитектурата|архитектурата]] и [[скулптура|скулптурата]], кој ќе започне на грчко тло со обновата на [[Атина|Атинскиот]] [[Акропол|Акрополис]] по [[Грчко-Персиски војни|Грчко-Персиските]] [[војна|војни]], но многу бргу ќе се прошири насекаде низ [[Медитеран|Медитеранот]]. Доаѓа до [[економија|економско]], [[политика|политичко]] и воено јакнење на [[Кралство|Кралството]] на [[Антички Македонци|Античките Македонци]], чии што владетели, а најмногу [[Филип II Македонски|Филип II}]] и неговиот син [[Александар III Македонски|Александар III]] ќе ја преобразат [[Македонија|Македонија]] во светски најмоќна [[држава|држава]]. Иако територијата на Р. [[Македонија|Македонија]] во ова време се наоѓала на маргините на овие големи збиднувања, не останала заобиколена од нив.
 
Над остатоците од старите железнодобски населби изникнуваат вистински градови - [[Добер|Добер]], [[Идомене|Идомене]], [[Гортинија|Гортинија]], [[Вилазора|Вилазора]], [[Аталанта|Аталанта]] и др. Архитектонските остатоци откриени на локалитетот [[Вардарски рид|Вардарски рид]] кај [[Гевгелија|Гевгелија]] потврдуваат дека градителските искуства од [[класичен период|класичниот период]] започнале да се шират и кон [[север|север]], додека големата гробница кај селото [[Бразда|Бразда]], близу [[Скопје|Скопје]], е можеби најдобриот доказ за многу брзото прифаќање на искуствата на градителството од класичниот период кај нас.