Стогово: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нова страница: '''Стогово''' е планина во западниот дел на Македонија која се протега дел...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Стогово''' е планина во [[Западна Македонија|западниот дел на Македонија]] која се протега делумно во меридијански правец север - југ, односно северозапад - југоисток. На север и исток Стогово се надоврзува со планината [[Бистра]], а на југ преку врвот [[Бабин Срт]] (2240 метри надморска височина) се надоврзува на планината [[Караорман]]. На запад и југозапад падините на Стогово ги оградуваат Дебарското поле и долината на реката [[Црн Дрим]] односно областите [[Дримкол]] и [[Малесија]], додека пак на исток и југоисток ги оградува Кичевската котлина и северниот дел на областа [[Дебарца]]. Планината е млада верижна со остри сртови и припаѓа на Шарскиот планински систем. Највисоки врвови се Стогово - 2318 метри и Голем Рид - 2268 метри надморска височина. Застапеноста на флората е „по катови“ односно во подножјето се застапени листопадните букови и дабови шуми, кон врвот тие се заменети со боровите зимзелени шуми, а самите каменести врвови се опкружени со високотревнати пасишта познати под името „алпски пасишта“.
 
[[Категорија:Географија на Македонија|Планини во Македонија]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Стогово