Разлика помеѓу преработките на „Џон Доуленд“

Додадени 160 бајти ,  пред 11 година
с
нема опис на уредувањето
с
{{Без извори|датум=октомври 2009}}
[[Податотека:dowland.png|thumb|right|220px|Џон Доуленд]]
'''Џон Доуленд''' ([[англиски јазик|англиски]]: ''John Dowland'') ([[1563]] - [[20 февруари]], [[1626]]) бил [[Англија|англиски]], а можеби родум [[Ирска|ирски]] [[композитор]], пејач и [[лејта|лејтист]]. Денес тој е најпознат по неговата [[песна]] ''Течете, солзи мои'' („Flow, my tears“).
 
За неговиот ран живот многу малку се знае, но се мисли дека е роден во [[Лондон]] или можеби во [[Даблин]]. Се знае дека отишол во Париз во [[1580]] каде бил во служба на амбасадорот на францускиот двор. Доуленд тогаш станал [[римокатолицизам|римокатолик]], што тој сметал дека го довело до недобивањето на фукнција на [[протестантизам|протестантскиот]] двор на [[Елизабета I]]. Меѓутоа, тој никому не му имал кажано за својата вероисповест. Наместо таму, тој работел на дворот на [[Кристијан IV]] во [[Данска]]. Доуленд се вратил во [[Англија]] во [[1606]] и во [[1612]] се вработил како еден од лејтистите на [[Џејмс I]]. Починал во [[Лондон]].
 
Најголемиот дел од Доулендовата музика е за неговиот сопствен инструмент, лејтата. Тука се вбројуваат неколку книги со музика за соло лејта, [[лејтска песна|лејтски песни]] (за еден глас и лејта), делумни песни со придружба на лејта и неколку дела за конзорциум од [[ножна виола]] и лејта. Неговото најпознато дела е лејтската песна ''Течете, солзи мои'' („Flow My Tears“Teares“), чиј прв стих оди вака:
 
{{col-begin}}
{{col-2}}
:''Flow, my teares, fall from youre springs,''
:''Exiled for ever, let mee mourn''
:''Where night's black bird hir sad infamy sings,''
:''There let mee live forlorn.''
{{col-2}}
:''Течете, солзи мои, поток нек‘ се лее,''
:''Довека прогнан да тажам без глас''
:''Кајшто ноќна птица жално пее,''
:''Да живеам во заборав јас.''
{{col-end}}
 
Подоцна Доуленд го компонира неговото најпознато инструментално дело, ''Солзи'' (''„Lachrimae“'' или ''„Seaven Teares Figured in Seaven Passionate Pavans“''), збирка од седум за пет ножни виоли (да гамба) и лејта, секоја од нив базирана на ''Течете, солзи мои''. Во своето време ова станало едно од најпознатите конзорциумски дела. Неговата [[павана]], ''Стари солзи'' („Lachrymae antiquae“) исто така била меѓу големите хитови на XVII век.