Петранка Костадинова: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
сестро наместо мајко
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{внимание}}
'''Петранка Костадинова Дојчиновска''' е родена во 1949 година, во Сомбор, како дете во семејство на бегалци од Егејска Македонија. Во нејзините детски години семејството прво се сели во Демир Капија, а девојчешките години ги минува во Неготино. Песната ќе ја донесе во Скопје, а ќе ја задржи нејзината љубов кон сопругот Благоја, со кој создаваат семејство, израснувајќи ги синовите Илија и Виктор. Кротката жена со топол глас, со кој знаеше да варира од рафиниран болежлив пискот, до нежно милување на ранети срца, толку типично и толку неизбежно во македонската народна песна, ги испеа најубавите македонски фолк рефрени "Не кажувај либе добра ноќ", "Кирјана", "Слушни ја мајкосестро песната"...
 
Појавата на Петранка Костадинова, во македонската народна песна, беше онаа врзивна нишка, што го дава континуитетот на фолклорното творештво со новосоздадената музика. Всушност, нејзината појава е врзана со почетоците на авторизација на песните пишувани во духот на народната староградска песна. За првпат таа ги има испеано песните на [[Наско Џорлев]], "Не кажувај либе добра ноќ" и "Во Струмица на улица", пред речиси триесет и пет години. Оттогаш, Петранка Костадинова во својот репертоар ги има испеано речиси сите македонски народни бисер- песни, но како и секој вреден интерпретатор, има барем една песна што се врзува за неговата интерпретација. Нејзина песна беше "Кирјана", иако не помалку знаеше да ги растрепери срцата и со "Ја излези стара мајко", "Едно малој моме", "Трај душо трај"... Во својата триесетгодишна кариера, Петранка учествуваше на речиси сите фестивали за новосоздадена песна, што се создаваа во Македонија, од кои ќе останат запаметени песните: "Леонид со мајка вечера" од првото "Валандово", "Мајсторе, мајсторе", "Две калинки", "Слушни ја сестро песната", "Мајка", дуетот со Ѓоко Дончев- "Името не го даваме", хумористичната песна испеана со Ленче Кукиќ- "Една куќа, две жени"... Парадоксално во кариерата на Петранка Костадинова е што и покрај богатиот репертоар и секогаш инспиративната интерпретација, никогаш нејзиниот глас не беше издаден на некаков носач на звук.