Разлика помеѓу преработките на „Англиска реформација“

с
 
Домашната опозицијата кон Хенриевата црковна политика била бргу осудена. Значителен број на прогонетите монаси биле мачени и погубени. Највидните опозиционери биле [[Џон Фишер]], бискупот на Рочестер и [[Томас Мор]] бившиот лорд канцелар, кои одбиле да положат заклетва за лојалност, со што биле обвинети за велепредавство и како што налагал законот биле погубени во [[Тајбурн]] во [[1535]] година.
 
== По смртта на Хенри==
 
Католицизмот бил повторно воспоставен под власта на [[Мери I]], но [[Елизабета I]] била протестантка, па според тоа се залагала за создавање на протестанска црква. Со таа цел во [[1559]] парламентот расправал за реформските акти и за создавањето на протестанската црква. Реформскиот акт предвидувал службата во црквата да се врши спротивно од римокатоличката, се исклучувало читањето на името на папата и се предвидувало свештениците да не ја носат црната одора на католичките свештеници. На протестанските свештеници им се дозволувало да стапуваат во брак, се забранувале слики во црквите и се признавала Елизабета како Врховен управник на [[Црква на Англија|Англиканската црква]]. Актот се соочувал со голем отпор во Горниот дом како и од католичките бискупи кои гласале против него. Па така во многу го измениле актот, додавајќи ја римокатоличката служба како легална во сите цркви и одбиле да ја признаат Елизабета за врховен управник на Англиканската црква.
 
== Наводи ==