Англиска реформација: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 17:
Во [[1529]] година, кралот го повикал Парламентот да се справи со поништувањето на бракот. Овој парламент подоцна го добил името [[Реформиран парламент на Англија]]. Во секој случај, во земјата биле активни повеќе фракции. Некои сметале дека е преголема кралската надмоќ над црквата. Некои сакале реформи само во судските институции<ref>Haigh, p.&nbsp;73</ref>, а како најсилни биле лутеранските наследници кои биле во голем план непријателски расположени кон теологијата на Рим. [[Томас Мор]], кој станал наследник на Волси, сакал да воведе реформи главно против [[ерес|ересот]]<ref>Brigden, p.&nbsp;116</ref>.
 
Кромвел бил адвокат и член на парламентот, евангелист кој максимално ја искористил близината до кралската надмоќ, кој исполнувал се кое посакувал самиот крал. <ref>MacCulloch, p.&nbsp;200</ref> Еден од неговите најблиски пријатели бил [[Томас Кранмер]], кој станал подоцна архиепископ. И покрај сè, поништувањето на бракот не одела во правилна насока за кралот. Папата по се изгледа повеќе бил заинтересиран да го слуша гласот на [[Карло V]], отколку на Хенри. Ана, Кромвел и нивните сојузници едноставно се обидувале кралот да успее да го игнорира папата. Во [[октомври]] [[1530]] година, на состанокот на свештенството било изгласано дека Парламентот не може да го овласти архиепископот да дејствува против волјата на папата. По ова, кралот преминал кон малтретирање и терор врз католичките свештеници. <ref>Haigh, p.&nbsp;106</ref>