Разлика помеѓу преработките на „Англиска реформација“

 
Ана пристигнала во дворот во [[1522]] година, како придружничка кралицата Катерина. Кралот добил потик кога ја запазил убавата дворска дама, бидејќи претходно не можел да добие машки наследника од страна на [[Катерина Арагонска]], која ја родила [[Мери I Тјудорска|принцезата Мери]], а потоа имала неколку неуспешни породувања и абортуси. Кралот му наредил на кардиналот Волсеј да преговара со Рим за да му дадат одобрение за поништување на неговиот брак со Катерина, врз основа на сомневање дека нејзиниот брак со Артур навистина бил конзумиран.
 
Хенри тврдел дека во овој брак нема да може да добие машки наследник<ref>Roderick Phillips, ''Untying the Knot: A Short History of Divorce'' (Cambridge University Press, 1991), p.&nbsp;20</ref>, главно поради тоа што неговата сопруга претходно била жена на неговиот брат, каде според Библијата (Левит 20 : 21) тоа не било дозволено односно било против библиските учења<ref> John Fisher mischievously pointed out that, according to [[Deuteronomy]], a man should marry his deceased brother's widow, rather than be prohibited from doing so; see also St. Mark 12:18&nbsp;ff.</ref>. Кралевиот секретар Вилијам Најт, отишол во Рим да лобира за поништување на бракот кај папата Клемент VII, меѓутоа папата не се осмелувал да ги задоволи барањата на англискиот крал, поради силното влијание на роднина на Катерина, императорот Карло V, кој веќе го имал опљачкано градот Рим, а папата бил затворен во Ватикан<ref>T.&nbsp;A. Morris, ''Europe and England in the Sixteenth Century'', (Routledge 1998), p166</ref>. Сите обиди на кардиналот Волсеј биле неплодни, згора непријателствата на Катерина, придонеле за неговиот пад, кога во 1529г. Хенри го разрешил кардиналот од неговата должност лорд канцелар и на негово место го поставил сер Томас Мор, за кој се сметало дека има уште помалку шанси за остварување на кралевата цел, делумно и поради неговата лојалност кон Рим.