Англиска реформација: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Англиската Реформација''' се однесува за серија од настани во [[16 век]] во [[Англија]], со која [[Црква на Англија|црквата на Англија]] се оделила од авторитетот на [[папа|папата]] и [[Римокатоличка црква|Римокатоличката црква]].
 
Овие настани се тесно поврзани со [[Протестантска реформација|Протестантската реформација]] во [[Европа]], како верско и политичко движење чие влијание на практиката во поголемиот дел од [[Европа]] во текот на овој период било во подем. За подемот на овој процес придонеле поголем број на фактори. Еден од основните бил падот на [[Феудализам|феудализмот]] и подемот на [[нациозализам|национализмот]], подемот на општото право, пронаоѓањето на печатарската машина и зголеменото печатење на [[Библија|Библијата]], кое довело до пренесување на нови знаења и идеи меѓу научниците како на високата така и на средната класа. Сепак, во различните фази на англиската реформација, во која биле опфатени и [[Велс]] и [[Ирска]], во голема мера таа била потикнета од промените во политиката на владата.