Разлика помеѓу преработките на „Англиска реформација“

нема опис на уредувањето
с
'''Англиската Реформација''' се однесува за серија од настани во [[16 век]] во [[Англија]], со која [[Црква на Англија|црквата на Англија]] се оделила од авторитетот на [[папа|папата]] и [[Римокатоличка црква|Римокатоличката црква]].
 
Овие настани се тесно поврзани со Протестантска реформација|Протестантската реформација во Европа, како верско и политичко движење чие влијание на практиката во поголемиот дел од Европа во текот на овој период било во подем. За подемот на овој процес придонеле поголем број на фактори. Еден од основните бил падот на феудализмот и подемот на национализмот, подемот на општото право, пронаоѓањето на печатарската машина и зголеменото печатење на Библијата, кое довело до пренесување на нови знаења и идеи меѓу научниците како на високата така и на средната класа. Сепак, во различните фази на англиската реформација, во која биле опфатени и Велс и Ирска, во голема мера таа била потикнета од промените во политиката на владата.