Бане Андреев: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
'''Бане Андреев - Ронката''' ({{роден во|Велес}}, {{роден на|12|август|1905}} - {{починал во|Белград}}, {{починал на|5|ноември|1980}}) е активист на комунистичкото, работничкото и студентското движење во [[Југославија]] и [[Македонија]] меѓу војните. Учесник во [[НОБ]].
 
Андреев станува член на [[СКОЈ]] во [[1922]] година, а на [[КПЈ]] во [[1923]] година. Во [[1924]] година станува член на МК на КПЈ за Велес и на Покраинскиот Комитет на СКОЈ за Македонија. Учествува како делегат е на Покраинската конференција на [[СКОЈ]] за Македонија, а во [[1926]] година е избран за член на ЦК на СКОЈ.
 
Студира на [[Белградски Универзитет|Белградскиот Универзитет]]. Поради активностите во СКОЈ е следен од полицијата и во јануари [[1929]] година, во големата провала на комунистите во Белград, е уапсен и осуден на 15 години според [[Закон за заштита на државата|Законот за заштита на државата]]. Ја издржува казната во [[Сремска Митровица]] и [[Лепоглава]] до [[јули]] [[1941]] година, кога заедно со поголема група комунисти бега од затвор. Од септември [[1941]] до мај [[1942]] е политички секретар на ПК на КПЈ за Македонија. Во [[1943]] година е уапсен е од бугарската полиција во [[Битола]] и е интерниран во Северна [[Бугарија]] (село [[Шијаково]]).
 
Од септември [[1941]] до мај [[1942]] е политички секретар на ПК на КПЈ за Македонија. Во [[1943]] година е уапсен од бугарската полиција во [[Битола]] и е интерниран во Северна [[Бугарија]] (село [[Шијаково]]). Во [[1943]] година, при основањето на [[Сојуз на комунистите на Македонија|Комунистичката партија на Македонија]] е избран во Централниот комитет. Во [[1944]] година е биран како: член и политички комесар на Главниот штаб на НОВ, делегат на [[АСНОМ]], член на [[АВНОЈ]] и на [[Уставотворно собрание|Уставотворното собрание]].
 
По ослободувањето е назначен за прв министер за рударство во Владата на [[СФРЈ|ФНРЈ]]. На Петтиот конгрес на КПЈ во [[1948]] година е избран за кандидат за член на ЦК КПЈ, но поради поддршката на политиката на [[Советски Сојуз|Советскиот Сојуз]] и на [[Информбиро|Резолуцијата на Информбирото]] во декември [[1949]] е исклучен од КПЈ и разрешен од сите политички функции.
 
Подоцна повторно е примен во [[СКЈ]] со што и се вработува во Институтот за економски истражувања на [[Србија]] каде работи повлечено од државно-политичките збиднувања до своето пензионирање.
 
Во [[1939]] година [[Кочо Рацин]] нему му ја посветува песната „[[Татунчо – Кочо Рацин|Татунчо]]“ од стихозбирката „[[Бели мугри]]“, преку посветата пред песната „На Бана“.<ref>Блаже Конески „За Кочо Рацин: есеи, беседи, прилози“, „Култура“, Скопје, 1994, 80 стр.</ref>
 
== Извори ==
<references />
 
==Надворешни врски==