Разлика помеѓу преработките на „Зимски олимписки игри 1964“

== Краток преглед ==
* [[Лидија Скобликова]] од [[Советски Сојуз|Советскиот Сојуз]] освоила златни медали во сите четири дисциплини во [[брзо лизгање]] (во трките на 500, 1000, 1500 и 3000 m), пшритоа поставувајќи 3 Олимписки рекорди.
* Италијанскиот натпреварувач во боб, [[Еугенио Монти]], забележал дека на конкурентската двојка од [[Велика Британија]] им се скршила санката, па им ја позајмил својата. По завршувањето на трката, Британците го освоиле златниот медал, а Монти бронзениот. Кога новинарите го запрашале зошто им помогнал на Британците, тој им одговорил дека тие не победиле, поради тоа што тој им ја позајмил санката, туку поради тоа што најбрзо ја извозеле патеката. Меѓународниот олимписки комитет го вовел [[Медал „Пјер де Кубертен“|медалот „Пјер де Кубертен“]] и на Зимските олимписки игри и за овој спортски гест, Монти станал првиот добитник на оваа награда за заслуга на Зимските олимписки игри.
* Во [[алпско скијање]], сестрите [[Кристине Гоичел|Кристине]] и [[Мариеле Гоичел]] ги зазеле првото и второто место во дисциплините слалом и велеслалом, но со обратен редослед.
* [[Кавдија Бојарских]] од Советскиот Сојуз освоила три златни медали во [[скијачко трчање]], а во машка конкуренција два освоил финскиот скијач [[Еро Мантиранта]], по што го добил прекарот „Г. Зеефелд“.