VІ македонски конгрес: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:Sarafov1.jpg|мини|десно|200п|Борис Сарафов]]
'''''Шестиот конгрес''''' на македонските друштва се одржал во [[Софија]] во месец мај [[1899]] година. На овој конгрес учествувале 42 делегати и 34 друштва. На конгресот отворено се дискутирало за подготовка и кревање на востание во [[Македонија]]<ref><small>''К.Пандев,националноослободителното дело во Македонија и Тракија 1878-1903,Софија,1979,217.''</small></ref>. Поранешниот трговски агент [[Димитар Ризов]] истакнал дека ВМК ([[Врховен македонско-одрински комитет]]) при себе треба да има воено оделение и да ги слуша советите и укажувањата на специјалистите. Ризов притоа истакнал дека револуцијата без бугарската влада и Русија не би имала успех во [[Македонија]]. Во тој поглед на конгресот Г. Капчев истакнал дека ослободувањето на Македонија зависи од Големите сили. Наспроти ваквите ставови Антон Бозуков истакнал дека ослободувањето може да се изведе со сопствени сили и тоа со неколку последователни востанија. Ризов сметал дека треба да се крене едно но добро подготвено востание.<ref><small>''К. Пандев,националноослободителното дело во Македонија и Тракија 1878-1903,Софија, 1979, 217.''</small></ref> Меѓу другото [[Димитар Ризов]] предложил двајцата задгранични преставници на [[ТМОРО]], [[Гоце Делчев]] и [[Ѓорче Петров]] да влезаат во Комитетот за да дојде до обединување на ВМК ([[Врховен македонско-одрински комитет]]) и [[ТМОРО]] во една организација.Неговиот предлог бил отфрлен. На крајот од конгресот Димитар Благоев предложило создавање на Балканските соединети држави, но и неговиот предлог бил отфрлен.<ref><small>''К. Пандев,националноослободителното дело во Македонија и Тракија 1878-1903,Софија, 1979, 217.''</small></ref>
----