Ласкеров шаховски учебник: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 18:
 
Четвртиот дел се однесува на позиционата игра и започнува со изнесување на разликите меѓу позиционата и комбинационата игра. Ласкер го објаснува значењето на создавањето на „план“, а истото го поткрепува со соодветни примери. Тој, исто така обрнува внимание и на различните предноси и слабости во позицијата, кои зависат од [[пешачка структура|пешачката структура]] и синхронизацијата на фигурите. До крајот на делот, авторот издвоил простор за да ја криткува хипермодерната шаховска школа, поради непочитувањето на многу прифатени принципи на позиционата игра.
 
Во петтиот дел насловен ''Естетски ефект во шахот'', Ласкер го објаснува ефектот што некои партии го имаат кај „гледачите“, односно аналитичарите и причината за различните мислења за различни партии. Во овој дел, тој обрнува внимание и на некои познати партии, како што се „бесмртната партија“ и „вечнозелената партија“ и за истите дава своја анализа и коментар.
 
Шестиот дел од книгата содржи голем број на илустративни партии со целосна анализа на секоја партија.
 
Книгата завршува со завршен дел, насловен ''Завршни размислувања'', во кој Ласкер ги објаснува можностите за образование во светот „како страшна загуба на време и вредности“ и наведува дека „болеста“ е одговорна за потешкотииите со ко се соочиле многу шахисти, додека изучувале шах. Овде, тој ги вклучува и своите шпекулации за математиката и шахот, „физиката на натпреварувањата“ и веродостојноста на Штајницовите теории.
 
[[Категорија:Шаховски книги]]