Разлика помеѓу преработките на „Ласкеров шаховски учебник“

нема опис на уредувањето
(Создадена страница со: мини|десно|200п|Корица на книгата '''Ласкеров...)
 
[[Податотека:Ласкеров шаховски учебник.jpg|мини|десно|200п|Корица на книгата]]
'''Ласкеров шаховски учебник''' е шахвска книга од познатиот германски [[велемајстор]] и поранешен [[Светски првак во шах|светски првак]] (1894-1921) [[Емануел Ласкер]]. Книгата е напишана во [[1925]] година и претставува одлично помагало, чијашто содржина се одликува со воведни објаснувања за шаховската игра, како и проучување и анализа на општите принципи, кои треба да се имаат предвид во текот на партијата. Самиот Ласкер има истакнато дека најголемо влијание врз создавањето на делото имаат теоретските принципи воведени од страна на на [[Вилхелм Штајниц|Штајниц]], како и [[Хауард Стаунтон|Стаунтоновото]] дело ''Прирачник за шахистот''. Книгата е напишана на [[германски јазик]] и има 254 страници.
 
== Содржина ==
Содржината на делото е поделена во шест дела. Тоа се:
* Дел I - ''Елементи на шахот''
* Дел II - ''Теорија на отворања''
* Дел III - ''Комбинација''
* Дел IV - ''Позициона игра''
* Дел V - ''Естетски ефект во шахот''
* Дел VI - ''Примери и модели''
 
Првиот дел се однесува на општ опис на на шаховската игра. Во овој дел, исто така се опишани [[шаховска табла|шаховската табла]], [[шаховски правила|шаховските правила]] и [[поенска вредност на шаховските фигури|релативната вредност]] на [[шаховски фигури|шаховските фигури]]. Сепак, Ласкер пишувајќи го овој дел, веднаш ги споменал основите на [[шаховска стратегија и тактика|шаховската стратегија и тактика]], па така делот завршува со некои основни [[мат (шах)|мат]]ови. Во овој дел е објаснета и [[дескриптивна шаховска нотација|дескриптивната шаховска нотација]].
 
Делот насловен ''Теорија на отворања'' започнува со објаснување на основните принципи на играта во [[шаховско отворање|отворањето]] и на тоа како истата влијае на развојот на играта во [[средишница]]та и [[завршница]]та. Остатокот од содржината во овој дел се однесува на објаснување на познатите шаховски отворања, како и анализа на шаховски партии, во кои истите се среќаваат. Делот завршува со продлабочување на значењето на вредноста на пешаците, која постојано се зголемува со нивното движење по вертикалите, во однос на нивната почетна позиција.
 
Третиот дел или ''Комбинација'' се однсува на [[комбинација (шах)|комбинационата игра]], односно „тактиката“ во текот на шаховската партија. Објаснети се некои основни комбинации, кои имаат за цел да го претстават комбинацискиот стил на игра. Во овој дел, Ласкер обрнал многу внимание на тоа како комбинациите се пресметуваат, кои се основните мотиви за изведување на одредена комбинација, како и на подетална анализа на [[жртва (шах)|жртвите на фигури]] и [[прооден пешак|проодните пешаци]].
 
Четвртиот дел се однесува на позиционата игра и започнува со изнесување на разликите меѓу позиционата и комбинационата игра. Ласкер го објаснува значењето на создавањето на „план“, а истото го поткрепува со соодветни примери. Тој, исто така обрнува внимание и на различните предноси и слабости во позицијата, кои зависат од [[пешачка структура|пешачката структура]] и синхронизацијата на фигурите. До крајот на делот, авторот издвоил простор за да ја криткува хипермодерната шаховска школа, поради непочитувањето на многу прифатени принципи на позиционата игра.
 
[[Категорија:Шаховски книги]]