Алексо Демниевски - Бауман: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Алексо Демниевски - Бауман''' ([[Велес]], [[1905]] - [[Белград]], [[1961]]) е македонски борец во [[Шпанска граѓанска војна|Шпанската граѓанска војна]] (1936-1939) и во [[НОБ]] на [[Македонија]] воод [[1944]] година. Во Шпанската граѓанска војна бил командант на баталјонот "[[Ѓуро Ѓаковиќ]]", а откако бил унапреден во чин мајор, станал командант на интернационалната бригада "[[Георги Димитров]]". Во НОВ на Македонија бил командант на Петнаесеттиот македонски ударен корпус.
 
Во работничкото движење се вклучува во [[1926]] година. Во [[1929]] година е испратен во [[СССР]], каде што се запишува на Школата за националните малцинства на Западот. Школата ја завршува во [[1932]] година. По избувнувањето на Шпанската граѓанска војна, во есента [[1936]] година заминува за [[Шпанија]]. Прво е командант на баталјонот „[[Ѓуро Ѓаковиќ]]“, а откако е унапреден во чин мајор, станува командант на интернационалната бригада „[[Георги Димитров]]“. Додека е во Шпанија, во Македонија како резултат на честите провали е обезглавена Комунистичката партија и [[Јосип Броз Тито]] прави напори Демниевски да се врати во Македонија и да застане на чело на македонското комунистичко движење. Сепак до тоа не доаѓа и Демниевски останува во Шпанија до падот на Шпанската република, по што се враќа во СССР.
 
Во [[1944]] година се вклучува во НОВ на Македонија и станува политички комесар како и командант на Петнаесеттиот македонски ударен корпус.
 
По ослободувањето на земјата врши воени функции и станува генерал мајор на [[ЈНА]].
 
Во негова чест, касарната на [[АРМ]] во Велес го носи негово име.