Корисник:MisosBot/SETimes/2010/01/29/1: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
29/01/2010
(нема разлика)

Преработка од 18:51, 30 јануари 2010

Дипломатија на посланија: Нова ера за Грција и Турција

Писмото на турскиот премиер Ердоган наиде на топол одговор од неговиот грчки колега, отворајќи ја можноста за подобри односи меѓу двете држави.

Објавено на 29/01/2010

„Искрено бараме развој на нашите односи“, рече турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган. [Getty Images]

Турција и Грција сигнализираат нова ера на подобрени односи по изборот на грчкиот премиер Јоргос Папандреу минатиот октомври.

По победата, турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган му напиша на својот нов колега писмо на четири страници, со предлог како државите може подобро да се согласуваат. Во понеделникот (25-ти јануари) Папандреу одговори дека ја поздравува таа можност.

Ердоган напиша дека взаемната почит и разбирање меѓу Грција и Турција ќе ја подобрат стабилноста во целиот регион. „Искрено бараме развој на нашите односи.“

Турција и Грција дојдоа на раб на војна во 1996 година, во врска со поделениот остров Кипар, на кој двете држави тврдат дека имаат право. Сепак, последователните земјотреси што ги погодија двете нации во 1999 година ја подигнаа „дипломатијата на земјотреси“ и доведоа до повлекување на грчкото вето за кандидатурата на Турција за полноправно членство во ЕУ.

Ердоган предложи билатерална работна група на министерско ниво за подобро решавање на клучните прашања.

Најпрво, Ердоган предлага Папандреу да ги убеди кипарските Грци и Турци да направат важен чекор во тековните разговори за повторно обединување на островот, поделен од 1974 година. „Иако овој проблем не се однесува директно на нашите народи, ние треба да им подадеме рака“, рече тој.

Ердоган е, исто така, решителен кога станува збор за подобрувањето на третманот на турското и грчкото малцинство во двете држави. „Нашите малцинства имаат потреби кои треба да се почитуваат. Во оваа нова ера, ние треба да ги исполниме нивните очекувања“, рече тој. Скоро 130.000 Турци живеат во Грција, додека Турција е дом на илјадници Грци.

Трето, во врска со границите долж Егејското Море -- проблем предизвикан од несогласувањата во врска со дефинирањето на територијалните води -- Ердоган предлага „нови мерки на градење на довербата и забрзување на тековните технички разговори за ова прашање“.

Последно, Ердоган рече дека државите мора да се справат со трговијата со луѓе. Турција и Грција се користат како коридори за мигрантите кои честопати се шверцуваат од Блискиот Исток за Балканот. Оттаму тие се префрлаат во земјите-членки на ЕУ.

Егемен Багис, главниот турски преговарач со ЕУ, во изјавата за новинарите по состанокот со Папандреу претходно овој месец во Атина рече дека грчкиот водач има „целосно исто мислење како и нашиот премиер“.

Багис ја истакна претходната соработка на Папандреу со турската влада. „Тој е добро познат по своите напори за унапредување на билатералните врски со нашиот починат министер за надворешни работи, Исмаил Чем.“

Освен четирите наведени проблеми и други прашања се, исто така, проблематични. Останува неизвесно дали турската влада повторно ќе ја отвори Семинаријата Халки, главното теолошко училиште на Источната православна црква.

Доверителскиот одбор на Семинаријата го затвори училиштето по одлуката на турскиот уставен суд дека сите приватни институции од високото образование треба или да се приклучат на државниот универзитетски систем или да се затворат.

Иако Багис рече дека семинаријата „не е прашање меѓу Турција и Грција“, тој истакна дека „некои подобрувања во условите на турското малцинство во Западна Тракија ќе донесат подобра клима [за да се преиспита отворањето на семинаријата]."

Турција ја критикуваше Грција за ограничувањето на правата на околу 150.000 луѓе од турско потекло во грчкиот регион на Западна Тракија. Оваа содржина е овластена за SETimes.com

Извор

http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2010/01/29/feature-01