Разлика помеѓу преработките на „Википедија:Бидете храбри во ажурирањето на страниците“

с
нема опис на уредувањето
с
с
==…но не бидете безобѕирни!==
Новите корисници се вчудоневидени од отвореноста на [[:Википедија]] и веднаш почнуваат да ја исползуваат. Тоа е добро. Но ве молиме внимавајте: „бидете храбри во ажурирањето на страниците“ не значи дека можете да правите големи промени или бришења на големи статии на комплексни, контроверзни теми со долга историја, како да речеме [[Израелско-палестински конфликт]] или [[абортус]], пред внимателно да разгледате што преуредувате. Покрај ова, големи промени на [[Википедија:Одбрани статии|Одбрани статии]], кои се се општоприфатени како најдобрите статии на Википедија за нивната целосност, точност и неутралност не е добра идеја.
Во многу такви случаи текстот кој го гледате е создаден по долги и макотрпни преговори помеѓу википедијанци од со различни животни позадини и ставови. Невнимателни промени на еднда таква статија се слични на чепкање во осило, и другите уредници на страницата може да реагираат налутено.
 
Доколку сакате да уредувате статија на контроверзна тема, најдборо е најпрвин да ја провитате стаитијата во целост, коментарите во страницата за разговор, и да ја погледате [[Помош:Историја на страница|историја на страницата]] за да имате увид во тоа како статијата станала таква каква што е и кој е нејзиниот моментален статус. Исто така вреди да се прочитаат некои поврзани статии, бидејќи она што го сметате за проблем или испуштено може да ви се чини сосема в ред по пореследувањето на поврзаните статии.