Афродита: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: fiu-vro:Aphrodite; козметички промени
Ред 9:
Традиционалната [[етимологија]] името на Афродита го поврзува со грчкиот збор '''''aphros''''' = „пена“, и така Афродита е „родена во морската пена“. Веројатно името е од феникијско потекло.
 
== Митологија ==za bozicata Afrodita
 
Според една верзија се смета дека била ќерка на богот Зевс и Диона, а според друга таа била родена од морската пена. Му била жена на тромавиот Хефест и мајка на тројанскиот јунак Енеј. На свадбата на Пелеј и Тетида (родителите на Ахил) биле поканети сите богови и божици освен Ерида (божица на неслогата). Поради тога Ерида многу се налутила и непоканета отишла на свадбата и меѓу божиците фрлила златно јаболко на кое било напишано „За најубавата“. Божиците Хера, Атина и Афродита, сметајќи секоја дека е најубава, се фрлиле по јаболкото и се скарале. Зевс тогаш им наредил да одат кај младиот јунак Парис, кој требал да пресуди која од нив е најубава. Хера му ветила оромно богатство и власт, Атина мудрост и слава, а Афродита му ја ветила најубавата жена. Парис тогаш ѝ го фрлил јаболкото на Афродита. Со нејзина помош Парис ја одвел Елена во Троја и тоа било причина за тројанската војна.